Приспособливост

Преклопливо совозачко седиште

Максимизирајте ги Вашите опции. Кога возите сами, совозачкото седиште лесно може да се преклопи за да се создаде уште повеќе разновиден товарен простор. 

Преграден ѕид

Сè добро складирано! Преградниот ѕид Ве штити Вас, Вашиот патник и товарот, бидејќи спречува предметите да се лизгаат кон предниот дел на кабината. Можете да изберете цврст ѕид или со стакло и решетка1.

 

1 Опција

 

Врати

Кажете им збогум на проблемите и доцнењата кај Вашите клиенти поради паркирање. Единечните или двојните лизгачки врати1 го олеснуваат пристапот до задниот дел на новиот Combo и ја елиминираат секоја опасност од гребнатини додека паркирате на тесни места.

 

1 Опција.

 

Задна врата

Конфигурирајте го задниот дел на новиот Opel Combo со задна врата1 или асиметрични крилни врати со прозорец1 за подобра видливост, секоја дизајнирана совршено да одговара на Вашите индивидуални потреби и максимално да Ви ја олесни работата.

 

1 Опција

 

Верзии

Новиот Combo е дизајниран да одговара на секој бизнис. Доаѓа во две должини: 4,4 m за обичната верзија или 4,75 m за верзијата Combo XL со долго меѓоскино растојание и дополнителен простор за товарење. Изберете ја верзијата со два реда седиишта за превоз на пет лица вклучувајќи го и возачот.