Главни карактеристики

Надворешност

Opel Vizor во комбинација со елегантен нов преден дизајн го отсликува вистинскиот германски квалитет. Новиот Combo Electric е совршен претставник на Вашиот бизнис. 

Внатрешност

Со подигната положба на седење, безброј опции за складирање, интуитивни контроли и значајна приспособливост, кабината на новиот Combo Electric е вистински мултифункционална, обезбедувајќи комфор на патниците како патнички автомобил и доволно простор за Вашите потреби. 

Способност

Електрифицирајте го Вашиот бизнис со електричен опсег до 280 km1 и батерија од најнова генерација која може брзо да се наполни до 80% од нејзиниот капацитет за нешто повеќе од 30 минути. Едноставно функционирање: релаксирачката урбана подвижност со тивок погон во комбинација со моменталниот вртежен момент и максималната брзина до 135 km/h го прават новиот Combo Electric подеднакво удобен, компетентен и пријатен за возење по градските улици како и на автопат. 

 

1 Потрошувачка на енергија (комбинирано) 22,4–19,7 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km, опсег (комбинирано) 249 km до 280 km (во зависност од инсталираната опрема).***