Безбедност и помош при возење

Автоматско сопирање при итни ситуации

Возете безбедно низ Вашиот работен ден. Автоматското сопирање при итни ситуации1 со детекција на пешаци предупредува на потенцијален судир со пешак или друго возило. Ако не се преземе никакво дејство од страна на возачот, автомобилот автоматски ќе закочува. 
1 Работи автоматски при брзини над 5 km/h и под 85 km/h. Од 0 до 30 km/h метриката на забавување за да се намали брзината на ударот е 0,9 g. Од 30 до 85 km/h системот ја намалува брзината за максимални 22 km/h. По овој праг, возачот треба сам да сопира за да ја намали брзината уште повеќе. Оперативниот опсег на брзина на системот за автоматско сопирање при итни ситуации зависи од детектираната пречка (мобилна пречка: од 5 до 85 km/h; фиксна пречка: од 5 до 80 km/h; пешак: од 5 до 60 km/h). Системите за помош на возачот на Opel се наменети да го поддржуваат возачот во рамките на системските иманентни ограничувања. Возачот останува одговорен при возењто.

Drive Assist Pack1

Нашиот безбедносен пакет за безбедно извршување на Вашите секојдневни активности вклучува: интегрирана помош за автопат, која се одликува со адаптивен темпомат со функција Stop & Go, како и помош за позиционирање на лента и продолжено препознавање на сообраќајни знаци.

 

1 Опција

 

Предупредување за странични слепи точки

Системот за предупредување за странични слепи точки1 автоматски следи и предупредува на приближување на возила на паралелните ленти и во слепите точки, што Ви дава поголема сигурност при менувањето на лента и ги олеснува секојдневите работни рутини.

 

1 Опција.

 

Странична заштита

Уживајте во супериорна безбедност и удобност при работа со системот за странична заштита1 на Opel. Системот користи 12 сензори за предупредување за препреки кои можеби не се видливи при свиоци при мала брзина преку визуелни и аудио предупредувања на екранот за инфозабава.

 

1 Оција.

 

Dynamic Surround Rear Vision

Лесно паркирање, полесна работа. Dynamic Surround Rear Vision1 користи две камери за прикажување на околината околу возилото на дигиталниот екран, овозможувајќи му на возачот сеопфатна видливост, правејќи го едноставно влегувањето и излегувањето од тесни паркинг места.

 

1 Опција.

 

Камера за возење наназад

Вашето комерцијално возило е Вашиот деловен партнер, тоа ја заслужува најдобрата грижа! Камерата за возење наназад1 се прикажува на 10“ екран на допир со виртуелни упатства за да се олесни возењето наназад и да се избегнат непотребните гребнатини или вдлабнатини.

 

1 Опција.

 

 

Контролата за стабилност на приколката

Дали Вашиот бизнис бара возење со приколка од време на време? Контролата за стабилност на приколката на Opel1 е паметен систем што ја следи стабилноста на приколката и автоматски ја прилагодува брзината на возилото.

 

1 Опција.