Технологија

Напредна батерија

Со најновата технологијата кај новиот Combo Electric, Вашиот бизнис е секогаш подготвен да оди чекор напред. Високо ефикасен електричен мотор со три режими на возење, плус регенеративно кочење, што значи максимален опсег и минимални оперативни трошоци. Градете го Вашиот успех на долгорочни перформанси. Секое електрично возило на Opel доаѓа со гаранција на батеријата за 8 години или 160.000 km. 

Без бучава

Новиот Combo Electric не само што е дизајниран да Ви помогне Вашиот бизнис непречено да се движи напред, туку и да го направи секое патување подеднакво беспрекорно. Практично бесшумниот електричен мотор значи дека Combo Electric не само што е без емисии, туку е и без бучава. Во меѓувреме, напредната звучна изолација во кабината обезбедува опуштено и удобно возење. Добро за Вас и Вашиот еколошки бизнис. 

Полнење до 80% за само 30 минути

Ова комерцијално возило се грижи за Вашиот возен план. Новиот Combo Electric располага со батерија со 4 модули со висока енергетска густина од 50 kWh, која може да наполни до 80% од максималниот капацитет за 30 минути со помош на брз полнач од 100 kW DC. Вградениот полнач од 7,4 kW или опционалниот од 11 kW обезбедува ефикасно и сигурно полнење на станиците за полнење со наизменична струја или ѕидните полначи. 
Откријте ја дополнителната опрема за полнење Дознајте повеќе за можностите за полнење

Следење на податоците за возилото

Внимавајте на Вашиот деловен партнер на четири тркала. Новите софистицирани сензори и системи за следење податоци на возилото кај Combo Electric, Ви овозможуваат детален преглед и проекција на статусот на возилото, користењето на батеријата и преостанатиот опсег. 

Ниски оперативни трошоци

Зголемете го Вашиот профит на одржлив начин. Како што расте загриженоста за квалитетот на воздухот во градовите, а зоните без емисии во урбаните области стануваат вообичаени, електричните комерцијални возила се сè поважни за економичен бизнис. Воедно, имате предност од исклучително конкурентни оперативни трошоци. 

Опсег до 280 km1

Новиот Opel Combo Electric е целосно дизајниран за професионална употреба. Неговиот напреден електричен погон значи дека иако ја дели истата сигурна и цврста платформа со дизел и бензин верзиите и истиот обемен максимален волумен на товарање од 4,4 m3, тој сепак овозможува возење без емисија на издувни гасови, долг опсег и ниска бучава. Со опсег до 280 km според WLTP, Combo Electric е подготвен за долги дестинации, за одржлив бизнис и задоволни клиенти каде и да сте.  

 

1 Потрошувачка на енергија (комбинирано) 22,4–19,7 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km, опсег (комбинирано) 249 km до 280 km (во зависност од инсталираната опрема).