Фабрички конверзии

Opel конверзии

Opel нуди избрани, популарни фабрички конверзии за да ви ги овозможи придобивките на директно опременото лесно комерцијално возило за поширока потрошувачка група. Фабричките конверзии на Opel се базирани на шасијата на Movano и имаат опсег од комбиња со спуштање на страни до кипери и сандучар.

 

Придобивките на фабричките конверзии се јасни:

Едноставен процес на нарачка
„Едношалтерски систем”
Пократко време на испорака на целото возило
Директна достава, без дополнителни трошоци за логистика
Една фактура
„Едношалтерски систем”
Целосна гаранција од страна на производителот
Целосна постпродажна поддршка кај дилерот

Комбиња со спуштање на страни

Со Movano, Opel нуди спектар на комбиња со спуштање на страни, кои се достапни во различни должини, возни и кабински конфигурации. На преден или заден погон, со шасија-кабина или за превоз на работници, со вградени носачи за алати, прицврстувања за скали и исклучителна удобност за работниците, тие даваат основа за долго, континуирано и профитабилно работење.

Кипер

Моќно носење со далечинско управување во три насоки? Нема проблем со каросеријата на киперот Opel Movano. Врвната хидраулика заедно со цврстиот и траен квалитет, го движи бизнисот низ тешки и лесни околности.

Сандучар

Има моменти кога волуменот на товарање е исто толку важен колку и носивоста. Во вакви моменти, ништо не ја надминува понудата на фабрички направените сандучари Movano. Со преден или заден погон, капацитет до 22 m3 и сите други интуитивни карактеристики и квалитет кој го очекувате од комерцијалните возила на Opel.