Сертифицирани конверзии од трети лица

НАМЕНСКИ НАПРАВЕНИ ВОЗИЛА.

Секогаш ќе постојат специјални потреби, кои нема да може да се задоволат дури ни со фабричката понуда на Opel. За овие потреби, имаме изградено мрежа на проверени специјалисти. На тој начин можете да бидете сигурни дека сме го провериле квалитетот и дека основното возило секогаш ќе биде покриено со гаранцијата на Opel.

 

Opel има сертифицирано голем број конверзии на каросериите, кои се нудат од страна на квалификувани партнери низ Европа. Без разлика дали имате потреба од комбе ладилник, нефункционален транспортер, специјален сандучар, решенија за обликување на комбиња за сигурен транспорт на алатки и опрема или за многу други специфични потреби на лесни комерцијални возила, Opel секогаш го има правиот партнер за вас.

 

Со купување на комерцијално возило од Opel кое е предмет на сертифицирана конверзија, можете да бидете сигурни дека ги има поминато ригорозните проверки на нашиот инженерски тим за конверзии и дека изведувачите на конверзијата ги разбираат јасните правила на стандардите на квалитет, гаранциите и постпродажните услуги заедно со одговорноста за производот. Дополнително, гаранцијата на основното возило е валидна кај сертифицираните конверзии.