Разновидност
Стилови на каросерија и димензии
Секогаш совршено дизајниран за Вашиот бизнис. Новиот Opel Movano Electric е достапен за Ваш избор со две различни должини на каросерија и две висини: фургон, шасија со кабина, верзија со два реда седишта, платформа со кабина, сандучар со странично отварање и сандучар со странично отварање со два реда седишта, кипер и кипер со два реда седишта. Достапни се две максимално дозволени тежини (GVW): 3,5 t и 4,25 t. Изберете го моделот на Movano Electric кој најмногу Ви одговара! 
Разновидност на товарниот простор
Со новиот Movano Electric можете да товарите дури и големи предмети со леснотија. Товарниот простор е меѓу најдобрите во својата класа, со лесен пристап преку вратите со широк отвор и капацитет до 17 m³, без компромиси за батеrijata којa е поставенa под товарниот под. Со простор за најмногу пет еуро-палети, можете да го конфигурирате Вашиот Movano Electric за максимален капацитет. Задните врати кои се отвораат до линијата на покривот кај секој модел на комерцијалното возило и малите висини на праговите овозможуваат лесно и безбедно товарење и растоварување. Товарниот простор може да се конфигурира фабрички со робустен дрвен под кој не се лизга и странични заштити, за максимална сигурност и заштита.