Безбедност и помош при возење
Електронска контрола на стабилноста (ESP)
Дури и кога се соочувате со предизвикувачки услови на патот, оваа функција Ве одржува Вас и Вашиот бизнис на вистинскиот пат. Заедно со контролата на траекцијата, системот ESC користи сопирање на тркалата и моторно сопирање за да го ограничи вртењето на тркалата во случај на слабо држење на патот. Интегрираниот адаптивен систем за контрола на товарот кај Movano помага да се држи патот при тешко достапни патишта со прилагодување на системот ESC според тежината и распределбата на товарот. ESC вклучува и помош при спротивен ветер, заштита од превртување и задржување при угорнина. 
Aдаптивен темпомат

Новиот адаптивен темпомат1 кај Movano го олеснува возењето на возачите при стресни, монотони сообраќајни ситуации. Системот ја поставува и автоматски ја прилагодува брзината за да одржува безбедно растојание од возилата напред, обезбедувајќи функционалност помеѓу 31 km/h и максималната брзина на возилото. Функционира со камера на ветробранското стако и радар за близина сместен на предниот браник.

 

1 Опција.

 
Помош при сообраќајен метеж

Уживајте во порелаксирано возење за време на дневните часови кога има сообраќаен метеж. Ситемот за помош при сообраќаен метеж1 може автоматски да го запре возилото целосно и да се врати на поставената брзина кога возилата повторно ќе почнат да се движат.

 

1 Опција.

 
Детектирање на агол во кој видливоста е ограничена (слепа точка) при влечење приколка1

Дали Вашата компанија користи приколки? Тогаш оваа функција сигурно ќе Ви биде корисна. Новиот Opel Movano овозможува три посебни безбедносни карактеристики за влечење приколки:

 

  • Автоматско детектирање на приколка за да се утврди присуството или отсуството на приколката зад возилото.
  • Детектирање на должина на приколка за да се процени должината на приколката. 
  • Проширено предупредување за слепа точка за детектирање на возила што се приближуваат на патеката на приколката при промена на лента.

 

1 Опција.

 
Контрола на стабилноста на приколката

Се избегнува опасноста од нишање на приколката. Контролата за стабилност на приколката1 на Opel е паметен систем што ја следи стабилноста на приколката и автоматски ја прилагодува брзината на возилото.

 

1 Опција

 
Дигителен ретровизор1

Оваа безбедносна карактеристика овозможува погледот на задниот дел од Вашето комерцијано возило. Во новиот Movano централниот ретровизор станува дигитален 8,9 инчен LCD дисплеј со висока резолуција. Кога возите, обезбедува непречен и јасен поглед на патот позади, благодарение на широкоаголната камера со висока резолуција сместена во држачот на задното трето стоп светло. Автоматско затемнување, активирање и контрола на осветленоста со копчињата лоцирани на ретровизорот.

 

1 Опција.

 
Напредна помош при сопирање
За да се уверите дека Вашиот бизнис нема да забави, системот акустично го предупредува возачот за опасна ситуација пред него. Доколку друго возило се приближи премногу, системот автоматски го започнува сопирањето во случај возачот да не реагира. 
Предупредување за возила кои доаѓаат странично при возење наназад

Избегнувајте непотребен судир и досадни застоји со системот за детекција на возила кои доаѓаат странично при возење наназад1 кај Movano. Системот за активна безбедност користи сензори за детектирање на возилата кои доаѓаат странично кога возите наназад. Тоа помага да се спречат несреќи при маневрирање, особено за возила со агол каде видливоста е ограничена.

 

1 Опција.

 
360° Park Assist 

Паркирањето е поедноставно. Со 360° Park Assist1 кај новиот Movano, возачот на инструмент таблата добива акустични и визуелни предупредувања активирани од сензорите.

 

1 Опција.