Напредна технологија
IntelliLux® Matrix LED
Новата Opel Corsa Electric е опремена со најдобриот систем за осветлување: IntelliLux® Matrix LED предните светла кои обезбедуваат оптимална видливост и автоматска приспособливост за да се избегне заслепување на возачите кои доаѓаат од спротивната страна. Со 14 Matrix сегменти и нов дизајн, IntelliLux® Ви овозможува видливиост во сите услови! 
Opel Drive Assist
Активниот систем за одржување на лента како дел од Opel Drive Assist, секогаш внимава на патот и користи суптилен вртежен момент на управувачот, за автоматски да ја задржи новата Opel Corsa Electric во својата лента. Возењето по автопат никогаш не било побезбедно и попријатно. 
Адаптивен темпомат
Кога е активиран, адаптивниот темпомат забрзува и автоматски сопира, одржувајќи ја Вашата нова Opel Corsa Electric на постојано безбедно растојание од автомобилот напред, за побезбедно, поудобно и релаксирачко возење. 
Препознавање на сообраќајни знаци
Напредниот систем на камери кај новата Opel Corsa Electric препознава различни сообраќајни знаци и практично ги прикажува пред Вас на дигиталната инструмент табла. Тоа значи дека без разлика што сѐ се случува на патот околу Вас, вие нема да пропуштите знак за ограничување на брзината никогаш повеќе! 
Автоматско сопирање во итни случаи
Системот за автоматско сопирање во итни случаи кај новата Opel Corsa Electric го следи патот напред, предупредувајќи го возачот во случај на можен судир и активно сопира доколку возачот ги нема притиснато сопирачките. Системот ги препознава и автомобилите и пешаците и обезбедува дополнителена безбедност во ситуации на прометни патишта. Системот е активен помеѓу 5 km/h до 140 km/h. 
Детектирање на слепа точка
Системот за детектирање на слепи точки кај Opel Corsa Electric сигнализира помеѓу 12 и 140 km/h и постојано ги набљудува Вашите слепи точки. Индикаторите сместени во надворешните ретровизори светнуваат за да Ве предупредат кога возило се наоѓа во Вашата слепа точка. Ова ги прави патувањата по автопат побезбедни и поудобни.