Ексклузивен комфор
Возачко седиште со функција за масажа
Бидете порелаксирани при пристигувањето на Вашата дестинација. Новата Opel Corsa Electric е опремена со удобни Alcantara® седишта со лумбална поддршка и функција за масажа кај возачкото седиште, како и тристепено загревање на седиштата за возачот и совозачот, правејќи го секое патување удобно искуство. 
Панорамски фиксен стаклен кров
Панорамскиот стаклен покрив ја облева кабината кај новата Opel Corsa Electric со природна светлина и совршено го врамува околниот пејзаж, од гратските хоризонти до ѕвезденото ноќно небо. Секое патување ќе претставува еден вид разгледница. 
Влегување во возилото без активирање на клучот и стартување
Системот за влегување во возилото без стартување на клучот клуч го прави пристапот во Вашата нова Opel Corsa Electric уште поедноставен. Отклучете, стартувајте и повторно заклучете го автомобилот без потреба од физичка интеракција со клучот. Без разлика дали Вашите раце се полни или клучевите се длабоко во Вашата торба, нема да имате проблем да пристапите Вашата нова Corsa Electric. 
Простор за секоја пригода
Добро осмислениот простор кај новата Opel Corsa Electric, се одликува со простори за складирање кај вратите во кои може да одложите шишиња од 1,5 литри, голем багажник и практични задни седишта кои се преклопуваат 60/40. Секогаш ќе бидете подготвени за секојдневието, без разлика дали станува збор за шопинг или патување за викенд.