Смел и елегантен дизајн
Смел и елегантен дизајн
Со својата ниска и динамична позиција, препознатливиот Opel Vizor® во предниот дел и смелите комбинации на бои и украси, новата Opel Corsa Electric секогаш се издвојува од останатите.
 
Потписот Opel Vizor®
Новиот Opel Vizor® ги интегрира: најдобрата технологија за осветлување во класата, доводот на воздух и логото на брендот Opel во еден графички модул, давајќи и на новата Opel Corsa Electric смел и препознатлив преден дел.
 
Контрасен црн кров
Со шест возбудливи шеми на бои од кои можете да изберете, вклучително и новата Grafik Grey и опционалниот контрастен црн кров, новата Opel Corsa Electric, горда на новиот стил. 
Модерни фелни
Можете да најдете по нешто за секого: новата Opel Corsa Electric е достапна со фелни од 16" или 17". Врвните 17" алуминиумски фелни, обезбедуваат ефикасни аеродинамични перформанси и се истакнуваат со впечатлив стил. 
Ергономска внатрешност
Кога ќе влезете во новата Opel Corsa Electric, ќе откриете дигитално детоксиран простор со интуитивен и ергономски кокпит, сиот фокусиран кон возачот. Изработен од висококвалитетни материјали и беспрекорна завршна обработка, ова е совршена поставка за дополнително да уживате во возењето. 
Германска прецизност
Од линиите на капакот на моторот, па се до буквите на задната врата,... Секој сантиметар од новата Opel Corsa Electric е прецизно дизајниран и конструиран, за да повторно ја врати забавата при возењето!