Skip To Content
Преглед

Mokka

Дали сте подготвени за следниот, смел чекор напред на Opel? Тоа е комбинација на чист дизајн, фантастичен ентериер и најнови високотехнолошки погонски единици, па очекувајте го неочекувано. Новата мока пристигна и ги менува правилата, го издигнува возењето на едно сосема ново и повисоко ниво. Со Mokka, време е да возите по вашиот пат

Осмели се да бидеш поинаков/ва

Погледнете го возилото во Вашата омилена боја

Ова е новата Mokka

Чиста моќност

Револуционерниот дизајн на новата Мokka го трасира патот на Opel кон иднината. Секоја линија зрачи со самодоверба, давајќи непогрешлив смел дизајн. Самоувереноста и индивидуалиот стил го издвојува ова возило од останатите, додека неговите динамични мотори го прават агилен во секоја смисла. Mokka GS Line дополнително воодушевува со нагласениот спортски изглед.

Смел стил

Сместете се удобно во внатрешноста на Mokkа и започнете го Вашето патување. Кабината е различна од  останатите, потполно без бука и други пречки. Нејзината модернизирана архитектура и беспрекорно интегрираните дигитални функции создаваат чист простор за да се опуштите, да уживате и да се фокусирате на патот пред Вас.

Присутна по градските улици

Новата Мokka е елегантна и покомпактна од која било претходна генерација, која сè уште ја има истата пространа кабина, што ja прави совршено погоднa за барањата на урбаниот начин на живот. Најновата генерација на Mokka вклучува IntelliLux LED® Matrix  предни светла, најпаметни системи за помош на возачот и ергономски оптимизирани седишта. Таа е толку пријатна и самоуверена како на градските улици така и на отворен пат.

Помалку нормално, повеќе Mokka

 модели

Mokka

Смел, кросовер SUV кој се истакнува и осмелува да биде поразличен.

  • 16" челични наплатки со капак
  • Радио со 7" екран на допир во боја, DAB +, USB, 7" дигитална инструмент табла
  • LED предни светла
  • Клима уред
  • Помош за држење во лента
  • Предупредување за евентуален преден судир

Edition

Променете ги сите правила и унапредете го возењето на следното ниво.

  • 16" алуминиумски наплатки
  • Радио со 7" екран на допир во боја, DAB +, USB, 7" дигитална инструмент табла
  • LED предни светла
  • Клима уред
  • Помош за здржење во лентата
  • Предупредување за евентуален преден судир

Elegance

Навистина оригинална визија, таа комбинира технологија и впечатлив дизајн.

  • 17"алуминиумски наплатки, црни со висок сјај, двобојни
  • Мултимедијално радио кое вклучува Apple CarPlay и Android Auto
  • Електронска контрола за климата
  • Пакет за камера за возење наназад

Elegance Business Pack

Разновидност и стил кои привлекуваат внимание.

  • 17" Алуминиумски наплатки, црни со висок сјај, двобојни
  • 7" Мултимедија Navi со услуги OpelConnect
  • Пакет за камера за возење наназад
  • Отворање и стартување без клуч

GS Line

Кога необичното ќе стане стандардно, очекувајте неочекувано.

  • 17" алуминиумски наплатки, црни со висок сјај, двобојни
  • Мултимедијално радио со Apple CarPlay и Android Auto
  • Црно обоен покрив
  • Затемнети задни стакла
  • Црн материјал на внатрешната страна на кровот
  • Спортски режим

GS Line Pack

Врвниот дизајн го подигнува уличниот стил на ново ниво.

  • 18" алуминиумски наплатки, црно/црвени со висок сјај
  • Мултимедијално радио со Apple CarPlay и Android Auto
  • Црно обоен покрив
  • Затемнети задни стакла
  • Црн материјал на внатрешната страна на кровот
  • Спортски режим

Ultimate

Извонредно присуство на патот што остава непогрешливо смел впечаток.

  • 18" алуминиумски наплатки, црни со висок сјај, двобојни
  • 10" Мултимедија Navi Pro со 12" дигитална инструмент табла
  • Предни светла Intelli-Lux LED® Matrix
  • Седишта Alcantara со греење