Возете подалеку

Дознајте кои се главните фактори кои влијаат на опсегот и како да реагирате на нив за да го извлечете максимумот од вашиот combо-e Life.  

Брзина
Брзината има најголемо влијание врз опсегот. При константна брзина од, на пример, 130 km/h, опсегот кај Combо-e Life ќе биде половина од вредностите на WLTP. 
Стил на возење
Секогаш кога забрзувате, губите енергија. И секогаш кога силно сопирате, треба повторно да забрзате. Еко режимот на возење и регенеративното сопирање на Вашиот Combo-e Life може да Ви помогнат да заштедите до 15% од опсегот! 
Термален комфор и греење
Разликата во опсегот поради греењето може да варира до 35% во зависност од сезоната, бидејќи енергијата директно се зема од батеријата. Поставувањето на температурата кај Вашето електрично возило, додека се полни е одличен начин да го зачувате опсегот и да патувате удобно. 
СОВЕТ: опсегот прикажан во Вашиот Combо-e Life кога е целосно наполнет го претставува максималниот опсег. Ако ги земете предвид факторите кои влијаат на опсегот (на пр. брзина, стил на возење, топлинска удобност), прикажаниот опсег ќе се промени според Вашето ново однесување.