E-Tехнологија 
Совршено интегрирана батерија
Никогаш не се уморува: новиот мотор кај Zafira Electric се напојува со вешти литиум-јонски батерии, опремена или со 50 kWh за опсег до 224 km1 или со 75 kWh за опсег до 347 km1. Благодарение на ќелиите со висока енергетска густина и напредното управување со енергијата, секогаш можете да бидете опуштени и и сигурни во предвидувањето на наведената автономија. 

1 Потрошувачка на енергија (комбинирано) 24,6 – 24,8 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km, oпсег од 213 до 220 km за батеријата од 50 kWh, а за батеријата од 75 kWh: потрошувачка на енергија 24.6-24.9 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; опсег (комбинирано) од 335 km до 347 km (во зависност од опремата).

 

Споменатите бројки за опсегот и потрошувачката на електрична енергија се прелиминарни и се во согласност со процедурата за тестирање WLTP, врз основа на која новите возила се одобрени од 1 септември 2018 година. Одобрението за тип и сертификатот за сообразност сè уште не се достапни. Прелиминарните вредности може да се разликуваат од официјалните податоци за конечното одобрување. Тие може да варираат во зависност од реалните услови на употреба и од различни фактори како што се: брзина, топлинска удобност во возилото, стил на возење и надворешна температура. Времето на полнење зависи особено од моќноста на полначот на возилото, кабелот за полнење и видот и моќноста на станицата за полнење што се користи. Ве молиме контактирајте со Вашиот дилер за дополнителни информации. За повеќе информации погледнете ја нашата веб-страна.

Регенеративно сопирање
Новата Zafira Electric вози непречено, не само за доброто на патниците, туку и за максимална енергетска и економична ефикасност. Додека возите, штом ќе го тргнете стапалото од педалата за гас, системот за регенеративно сопирање повторно ја собира кинетичката енергија и ја претвора таа моќ во уште поголем опсег. Користејќи ги палките поставени на управувачот, возачот може да избира помеѓу различни нивоа на регенерација, а во највисоките поставки, повеќето кратки патувања може да се вози со речиси никаква употреба на традиционалните сопирачки, намалувајќи го абењето и поврзаните трошоци за одржување.   
Брзо и едноставно полнење 
Брзото полнење кај новата Zafira Electric значи дека никогаш нема Вашето семејство или клиенти да Ве чекаат. Батеријата со висока енергетска густина од 50 kWh се полни до 80% за само 30 минути, додека батеријата од 75 kWh исто така достигнува 80% од максималниот капацитет за само 45 минути кога се користи кој било јавен полнач од 100 kW. 
Откријте ја дополнителната опрема за полнење Дознајте повеќе за опциите за полнење
Следење на податоците за возилото 
Внимавајте на Вашиот целосно електричен превозник: новата Zafira Electric е опремена со софистицирани сензори и системи за следење на податоци за возилото кои овозможуваат детален преглед и проекција на статусот на возилото, користењето на батеријата и преостанатиот опсег.