Претходно
  • НОВИОТ ПАКЕТ MOVANO EDITION.

    Новиот пакет Movano Edition е достапен за Movano Van. Стандардните карактеристики како клима уред, паркирен пилот, темпомат и навигацијата Navi 50 IntelliLink гарантираат максимална удобност и безбедност секој пат кога патувате со вашето комбе.

Следно
Претходно
  • ПАКЕТ MOVANO EDITION

Следно
Претходно
  • Opel, Movano, Design, Exterior

    MOVANO. НИЕДНА РАБОТА НЕ Е ПРЕГОЛЕМА.

    Запознајте се со Opel Movano. Големо комбе што е дизајнирано, конструирано и направено за вас и вашите деловни потреби. Со повеќе верзии, поголема удобност за возачот и посилен од кога било до сега.

  • Opel, Movano, Design, Interior

    УДОБНОСТ КАКО ВО АВТОМОБИЛ ЗА ВРЕДНИ РАБОТНИЦИ.

    Кабината на Opel Movano е оптимизирана за подвижни работници. Оваа практична кабина е опремена со изненадувачка количина на напредни карактеристики и корисен простор за складирање.

  • Opel, Movano, Design, Colours

    ПАМЕТНА ПОНУДА НА БОИ

    Со максимум 100 специјални бои1 од кои можете да бирате, вашиот Movano може да биде направен по мерка да биде одраз на вашето деловно брендирање - поефективно од која било деловна картичка или налепница.


    1Oпционално

Следно
Претходно
  • НАДВОРЕШНОСТ

  • ВНАТРЕШНОСТ

  • БОИ

Следно
Претходно
  • Opel, Movano, Efficiency, Engines, Transmissions

    ПЕТ ЕФИКАСНИ ОПЦИИ НА МОЌ.

    Изберете помеѓу напредните Turbo и BiTurbo дизел мотори со вредниот вртежен момент, економичната потрошувачка и ниските издувувања.

  • Opel, Movano, Efficiency, Consumption, Emissions

    СО НАМАЛЕНИ ТРОШОЦИ И ИЗДУВУВАЊЕ.

    Дизел моторите на Movano нудат висок вртежен момент со понизок број на вртежи и намалени потрошувачка на гориво и издувување. Старт/стоп и технологиите за заштеда на гориво како што е ECO-режимот се исто така достапни.

  • Opel, Movano, Driving Efficiency, Consumption & Emissions

    Дизајниран да ви овозможи долготрајна стабилна услуга со минимално неопходно одржување, Movano овозможува ниски вкупни трошоци за сопствениците преку комбинација на карактеристики што заштедуваат пари.

  • Opel, Movano, Driving Efficiency, Consumption & Emissions

    ДИГИТАЛЕН ТАХОГРАФ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВОЗЕН ПАРК.

    Прецизно го запишува и пресметува времето за возење и одмор, овозможувајќи податоците за управување со возниот парк да се анализираат. Лесен за ракување од страна на возачот.

Следно
Претходно
  • МОТОРИ И ПРЕНОС

  • ПОТРОШУВАЧКА И ИЗДУВУВАЊЕ

  • ОПЕРАТИВНИ ТРОШОЦИ

  • УПРАВУВАЊЕ СО ВОЗЕН ПАРК

Следно
Претходно
  • Opel, Movano, Cargo, Capacity

    КАПАЦИТЕТ ЗА ТОВАР ПО ИЗБОР.

    Што и да треба да носите, Movano може да ги исполни вашите очекувања. Капацитетот на товарот изнесува од 8 до 22 m3, со простор за товарење на макс 5 евро-палети во верзијата со погон на задните тркала.

  • Opel, Movano, Cargo, Features

    ДЕЛ ЗА ТОВАРЕЊЕ И ЗАШТИТА НА ТОВАРОТ.

    Можете да го прицврстите вашиот товар брзо и стабилно со стандардните алки за врзување, монтирани на подот. Заштитните панели на подот и ѕидовите се исто така достапни.

  • Opel, Movano, Cargo, Towing Hitches

    КУКИ ЗА ВЛЕЧЕЊЕ.

    Movano нуди капацитет за влечење од максимум 3,5 t1 во зависност од варијантата.

     

    1Oпционално

Следно
Претходно
  • КАПАЦИТЕТ

  • ПРИЦВРСТУВАЊЕ НА ТОВАРОТ

  • КУКИ ЗА ВЛЕЧЕЊЕ

Следно
Претходно
  • Opel, Movano, Cargo, Capacity

    АВТОМАТСКИ ЈА ЗГОЛЕМУВААТ ВИДЛИВОСТА.

    Намалете го одвлекувањето на вниманието на возачот и зголемете ја безбедноста со автоматските предни светла и бришачи1. Системот моментално реагира на промена на светлосните и временските услови.

     

    1Oпционално

  • Opel, Movano, Cargo, Capacity

    ВО ВАШАТА КАНЦЕЛАРИЈА НА ТРКАЛА.

    Ако го користите вашиот Opel Movano и како подвижна канцеларија, ќе ви се допадне опцијата за преклопување на средишното седиште што вклучува вртлива масичка за лаптоп-компјутерот на возачот1.

Следно
Претходно
  • СВЕТЛА И БРИШАЧИ

  • КАНЦЕЛАРИСКА МАСИЧКА

Следно
Претходно
  • Opel, Movano, Connectivity, Navi 50 IntelliLink

    ИНТЕЛИГЕНТНА НАВИГАЦИЈА И ИНФОЗАБАВА.

    Navi 50 IntelliLink1 ви дава прецизна и достапна навигација заедно со радио систем со модерни решенија за конективност.

     

    1Oпционално

  • Opel, Movano, Connectivity, Navi 80 IntelliLink

    ОНЛАЈН НАВИГАЦИЈАТА ВИ ПОМАГА ДА СТЕ НА ВРЕМЕ.

    Премиум системот Navi 80 IntelliLink1 има 7-инчен екран на допир во боја, напредно гласовно управување и бесплатни услуги во живо преку TomTom за сообраќајни информации во реално време и многу повеќе.

     

    1Oпционално

  • Opel, Movano, Connectivity, Aux-In, USB

    ВКЛУЧЕТЕ, НАПОЛНЕТЕ И ОСТАНЕТЕ ПОВРЗАНИ.

    Вклучете и пуштете. Сите системи за инфозабава на Movano се опремени со поврзување преку аux-in и USB како стандардна опрема.

Следно
Претходно
  • NAVI 50 INTELLILINK

  • NAVI 80 INTELLILINK

  • AUX-IN И USB

Следно
Претходно
  • Opel, Movano, Safety, Lane Departure Warning

    ОСТАНЕТЕ НА ВИСТИНСКИОТ ПАТ.

    Системот за предупредување при напуштање на лента1 ги детектира промените на лента и ве предупредува доколку ненамерно застраните од лентата преку визуелни и акустични сигнали.

     

    1Достапен е само со пакетот за напредна помош за безбедност.

  • Opel, Movano, Safety, High and Low Beam Assist

    ПОДОБРЕН ВИДИК.

    Системот за помош со долги светла1 автоматски се префрлува на кратки светла кога ќе детектира возила што се пред вас или доаѓаат од спротивна насока, или при посебни временски услови.

     

    1Достапен е само со пакетот за напредна помош за безбедност.

  • Opel, Movano, Safety, Security

    ЗАКЛУЧЕТЕ НЕПРОБОЈНО И ОСИГУРИТЕ СЕ СО АЛАРМИ.

    Movano може да биде опремен со фабрички инсталирани непробојни брави1 за дополнителна сигурност.

     

    1Oпционално

  • Opel, Movano, Safety, ESP

    ЕЛЕКТРОНСКА ПРОГРАМА ЗА СТАБИЛНОСТ (ESP®).

    ESP® масивно ја зголемува стабилноста и безбедноста. Стандардна опрема на секој Movano и вклучува систем за помош при тргнување на нагорнина, програма за стабилност на приколка и режим на подобрено триење.

  • Opel, Movano, Safety, Airbag

    БЕЗБЕДНОСТА Е ПРИМАРНА НА РАБОТА И НА ПАТ.

    Безбедноста е секогаш наш приоритет. Затоа стандардната и опционалната безбедносна опрема на Movano е значителна.

  • Opel, Movano, Safety, Parking Sensors

    ПАРКИРАЊЕТО Е СЕГА ПОЛЕСНО.

    Сензорите за паркирање1 активираат звучно предупредување за да се избегне случајна штета при враќање наназад.

     

    1Oпционално

Следно
Претходно
  • БЕЗБЕДНОСТ ВО КОЛОВОЗНАТА ЛЕНТА

  • ПОМОШ СО ДОЛГИ СВЕТЛА

  • СИГУРНОСТ

  • ESP®

  • БЕЗБЕДНОСТ И ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

  • СЕНЗОРИ ЗА ПАРКИРАЊЕ

Следно

ДОДАТНА ОПРЕМА - НАПРАВЕНА ПО ВАША МЕРКА

Со оригиналната додатна опрема на Opel, изразете се себе си и целосно искористете ги придобивките од вашето возило. Дизајнирана и тестирана за вашиот Opel.

Close

Movano може да се опреми со една од две достапни куки за влечење:

 

  • Топка за поврзување за нормални приколки
  • Кука за влечење на тежок товар со прицврстување со четири дупки1
  • Електричен адаптер со 7- или 13-пинови1

 

1Достапно како дополнителна опрема.

Close

Цврстата метална преграда за заштита на патниците е стандардна опрема. Во однос на внатрешна заштита и сигурно процврстување на товарот, можете да избирате од:

 

  • Дрвени странични панели со половина или цела висина1
  • Нелизгачки дрвен под, обложен со смола, што тешко се троши со употреба1
  • Широк избор на дополнителна опрема за прицврстување и заштита на товар1

 

1Oпционално

Close

Movano е опремен со системот старт/стоп1, што ги намалува издувувањата и потрошувачката на гориво на нула кога и да застанете. Со погонот на предни и на задни тркала и разновидност од три мотори со моќност од 110 КС па сѐ до 170 КС, Movano ги намалува трошоците за гориво и издувувањата. Со ECO-режимот, Movano ја оптимизира потрошувачката на гориво. Тој влијае на

 

  • Моќта на моторот и вртежниот момент
  • Забрзувањето
  • Индикаторот за промена на брзината
  • Греењето
  • Климатизацијата
  • Електричната потрошувачка

 

1Достапно само со одредени мотори.

Close

Movano доаѓа во девет суперефикасни дизел варијанти со 6-брзински рачен или автоматски пренос Easytronic®. Што и да ви треба, Movano нуди вредни, ефикасни опции за да го опремите.

Close

Movano нуди разновидност на капацитетот за товар:

 

  • Вкупен товарен простор од 22 m3
  • Носивост до 2125 kg
  • Максимална должина на основата за доварење до 4,3 m
  • Широк опсег на отворање на задните врати од 270 °
  • Странично отворање од 1270 mm
Close

Ниското издувување ги намалува вашите даноци и вашето влијание на животната средина. Стандардната гаранција на Opel исто така придонесува кон ова со:

 

  • XX месеци покриеност со XX измината километража
  • 6-годишна гаранција против перфорација
  • Помош на патот од Opel за првите XX месеци во повеќе од 40 земји
    Мрежата низ цела Европа со повеќе од 3000 професионални сервисни точки е тука за вас и вашиот Movano. По потреба, вашиот Movano може да биде опремен со оригинални резервни делови на Opel за гарантирани оптимални перформанси.
Close

Изберете го пакетот за осветлување1 за следнава помошна опрема за видливост:

 

  • Автоматски предни светла и бришачи на ветробранското стакло
  • Предни светла за магла
  • Осветленост од врата до врата
  • Статично аголно светло

 

1Oпционално

Close

Movano ја подига границата за дизајн на кабина и притоа нуди практична, добро опремена околина за возачот и удобност како во автомобил.

 

  • Лесен пристап со брзо прилагодливи седишта и управување
  • Практично складирање за бележници, алатки, компјутери, опрема за лична безбедност и многу повеќе
  • Управувач прилагодлив по висина
  • Седиште за возачот прилагодливо по висина
Close

IntelliLink1 ги интегрира функциите и поставките на вашиот паметен телефон во вашиот Movano.

 

  • CD-плеер
  • Bluetooth® за аудио стриминг и хендзфри управување со телефонот
  • Aux-in и USB за универзални уреди
  • 7-инчен екран на допир во боја, поставување на максимум 60 фаворити како телефонски контакти, плејлисти, радио станици, адреси, итн.
  • Гласовно управување за телефон, аудио и навигација
  • Гласно читање на СМС пораки
  • Разгледување на слики/видеа преку USB
  • Android Auto2

 

 

1Oпционално
2Android е трговска марка на Google Inc. Android Auto™ може да не е достапен во сите земји и може да зависи од вашата верзија на оперативниот систем. Ве молиме посетете ја www.android.comom

Close

Приклучоците за aux-in и USB дозволуваат поврзување на мобилни дигитални уреди со звучниците во возилото. Поврзаните уреди можат да се контролираат далечински. Системот CD 16 BT USB нуди два USB-приклучоци за поврзување и пренос на дигитално радио (DAB)1.

 

1Oпционално

Close

Opel Movano е ѕвездата во светот на комбињата. Доаѓа со:

 

  • Широк став, истакнати лакови на тркалата и општа елеганција.
  • Врати што се отвораат широко
  • Импресивен избор на варијанти, основи на тркалата, тежини и висини на товар.
  • Паметен дизајн, одлична економичност и перформанси
  • Удобност водечка во класата
Close

Стандардните карактеристики на пакетот Edition вклучуваат:

 

  • Рачен клима уред
  • Паркирен пилот назад
  • Навигација Navi 50 IntelliLink
  • Темпомат
  • Држач за мобилен телефон
  • Седиште за возачот со поддршка за 'рбетот
  • Патосници-теписон
  • Мултифункционална двојна клупа-седиште
  • Акустичен панел на преградата
  • Патен компјутер
  • Воздушно перниче за совозач
  • Светла за магла
  • Автоматски предни светла
  • Автоматски бришачи на ветробранското стакло
  • Целосни капаци на тркалата
Close

Movano ви нуди многу опции кои ви помагаат да се организирате.

 

  • Седиште за возачот со потпирач за раката и поддршка за 'рбетот
  • Двојно патничко седиште со простор за складирање и централно седиште на преклопување1
  • Вртлива масичка за лаптоп-компјутер1
  • Интегриран држач за документи што се преклопува на контролната табла

 

 

1Optional

Close

Клучните карактеристики вклучуваат:

 

  • 7-инчен екран на допир во боја
  • Поврзување преку Bluetooth®
  • Контроли вградени во управувачот
  • Поврзување преку USB
  • Аудио-стриминг преку Bluetooth®
  • Дигитално радио1
  • Мапи за Европа
  • Предупредувања за ограничување на брзината преко навигацискиот систем

 

 

1Oпционално

Close

Како стандардна опрема во Movano се вклучени ESP®, ABS, воздушно перниче на возачот и безбедносни појаси со три точки на врзување за сите патници. Одличната стабилност на силен ветер и погледот со оптимизиран видик на патот го прават бизнисот побезбеден и лесен. Другите карактеристики се:

 

• Предно воздушно перниче за совозачот1
• Странични воздушни перничиња1
• Автоматски предни светла и бришачи за ветробранското стакло1
• Статични аголни светла1

 

1Oпционално

Close

Непробојните брави1 спречуваат кабинските врати да се отвораат без клуч со механичко заклучување на копчињата на вратите.

 

1Oпционално

Close

Стандардна опрема на сите модели на Movano, ESP-плус ја намалува реакцијата на педалата за гас и ја варира силата на сопирање на секое од тркалата кога ќе детектира нерамномерно возење, со што го држи возилото да се движи во правата насока.
Доколку контролите за триење осетат недостаток на триење за време на забрзувањето, тие реагираат да обезбедат максимален контакт помеѓу површината на патот и гумите. Системот исто така има дополнителни придобивки од функцијата за помош при тргнување на нагорнина и програмата за стабилност на приколка.