Opel го предводи патот. Од овој момент, ќе можете да ги најдете податоците за потрошувачка на гориво врз основа на циклусот за возење WLTP (Процедура за тестирање на лесни возила, усогласена низ целиот свет). Од есен 2017 год., циклусот за возење WLTP ќе биде законски обврзувачки и во споредба со тековната задолжителна процедура NEDC (Нов европски циклус на возење), WLTP е поблиску до денешното реално однесување при возење. Затоа ние веќе им олеснуваме на корисниците да ја проценат дневната потрошувачка на нивните возила. Првиот автомобил што го меревме беше Astra, а повеќе модели ќе следат подоцна годинава.

Претходно
  • НАУЧЕТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ЦИКЛУСОТ НА ВОЗЕЊЕ WLTP:

Следно

ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ: ПОБЛИСКУ ДО ДНЕВНАТА ПОТРОШУВАЧКА

* Според регулативите (EC) бр. 715/2007 и (EC) бр. 692/2008 (во соодветните тековни верзии.). Цифрите не се однесуваат на одредено возило и не се дел од одредена понуда, туку служат единствено за споредба на различни типови возила.

**Пониската вредност ја претставува најниската вредност земена од четирите фази на циклусот WLTP, користејќи ја потрошувачката на гориво на возило со најекономична опрема на соодветната комбинација мотор/пренос. Горната вредност претставува највисокото мерење од четирите фази на циклусот WLTP земени од соодветната потрошувачка на гориво на возилото опремено со најпотрошувачката опрема.

< Повеќе детали >

Претходно Следно
Претходно
  • КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРИДОБИВКИ: Пореалистични цифри за потрошувачката

    Новиот циклус на возење WLTP зема во предвид ситуации што се поблиску до секојдневниот живот од сегашните стандарди NEDC. Ви овозможува подобро да ја процените вашата дневна потрошувачка.

    Гледајте го видеото: Што е ново?
Следно
Претходно
  • ЗАШТЕДАТА НА ГОРИВО СЕГА Е ЛЕСНА.

    'Факторите како дизајн на возилото и временските услови можат да влијаат на потрошувачката на возилото на начини што не можете да ги контролирате. Меѓутоа, дали знаевте дека можете да влијаете на речиси 1/3 од вашата потрошувачка?

Следно

ПРАШАЊА ЗА НОВИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ПОТРОШУВАЧКАТА

Зошто NEDC е застарен?

NEDC (Новиот европски циклус на возење) беше претставен во 1992 год., меѓутоа автомобилите, патиштата и однесувањето при возењето од тогаш се променија. NEDC е вештачки, лабораториски тест и служи исклучиво за споредување различни возила, а не за да ја прикаже нормалната потрошувачка. Тоа значи дека вистинската потрошувачка често е различна од информацијата на NEDC. Главните причини за ова се:

• Теоретскиот профил на возење не соодветствува на профилите на вистинските корисници.
• Недоволно забрзување.
• Премногу фази на застанување.
• Не вклучува високи брзини, пр. на автопат. Со ова, просечната брзина се поставува премногу ниско.
• Точките на менување брзина се широко дефинирани според типот на пренос, пр. тие се исти за сите автомобили со рачен пренос.
• Опционалната опрема не се зема во предвид.

Што мери NEDC?

NEDC е правно задолжителен за сите возила од 1992 год. NEDC се базира на теоретски профил на возење и се состои од два дела: во првите 13 минути, се симулира возење во градски сообраќај, со многу фази тргни-застани. Вториот дел е возење на отворено, со максимална брзина од 120 km/час.

Кои се четирите дела на WLTP?

За пореално да се утврдат вредностите на потрошувачката, циклусот на возење WLTP се базира на глобалната статистичка анкета на вистински профили на возење. Тука се вклучени 4 дела со различни просечни брзини, кои генерално ги претставуваат профилите на возење низ целиот свет: ниска, средна, висока и многу висока просечна брзина. Секој дел содржи различни фази на застанување, забрзување, сопирање, итн. при возењето, кои ги одразуваат секојдневните ситуации при возењето.

Што е разликата помеѓу NEDC и WLTP?

Од воведувањето на NEDC во 1992 год., автомобилите и стиловите на возење значително се променија. Параметрите за тестирање на WLTP се редефинирани за поблиску да ги одразат реалните услови на патот. Тие сега вклучуваат:

• Подолги временски циклуси (30 мин. наспроти 20 мин.)
• Пократки времиња на застанување (13 % наспроти 25 %)
• Подолги растојанија (приб. 23 km наспроти 11 km)
• Повисоки брзини (макс. 130 km/час наспроти 120 km/час)
• Речиси 50 % повисоки просечни брзини
• Повисоко максимално забрзување и повеќе фази на забрзување
• Приближно 20-30 % повисока моќ во возењето при подинамични ситуации во возењето
• Пореалистично одредување на отпорот при возењето за тестовите за потрошувачка на гориво
• Земање во предвид на опционалната опрема на возилото

Вредностите добиени со WLTP се споредливи ширум светот, додека вредностите на NEDC важат само за Европа.

Close

Додека тековниот NEDC ги одредува вредностите „во град, на отворено и комбинирано“ врз основа на теоретски профил на возење, WLTP употребува „вистински“ профили на возење извлечени од глобална статистичка анкета. Циклусот на возење WLTP е поделен на 4 дела со различни просечни брзини: ниска, средна, висока и многу висока. Секој дел содржи различни фази на застанување, забрзување, сопирање, итн. при возењето, кои ги претставуваат секојдневните возни профили. Секоја комбинација на мотор/пренос се тестира со најекономичната опрема за возила, како и со најпотрошувачката опрема.

Започнувајќи со Astra, Opel ќе ги тестира сите модели. Објавените вредности дефинираат опсег од најниската до највисоката потрошувачка за секоја комбинација мотор/пренос. Ова дава добра индикација на очекуваната дневна потрошувачка на секој модел.

Забелешка: Вредностите базирани на циклусот на возење WLTP се одредуваат со помош на стандардизиран и претходно дефиниран циклус на возење на симулатор за тестирање.

Close

Вредностите за потрошувачка што се поставени во „Новиот европски циклус за возење“ (NEDC) се прецизни и лесно споредливи, но не се совршени. Откако воведувањето на NEDC стана законски обврзувачко во 1992 год., автомобилите и индивидуалните стилови на возење значително се променија. За подобро да се одразат новите услови, параметрите за тестирање се редефинирани во „Процедурата за тестирање на лесни возила, усогласена низ целиот свет“ (WLTP).

Параметрите сега земаат во предвид:

  • пореалистична динамика на возењето и надворешните температури
  • поголеми растојанија за тестирање
  • повисок просек и максимални брзини
  • пократки застанувања
  • повеќе сопирање и поголемо забрзување

Влијанието на опционалната опрема исто така игра улога во циклусот на возење WLTP. Овој нов циклус на возење ќе виде законски обврзувачки за сите производители на автомобили од есен 2017 година.

Close

Дневната потрошувачка на гориво на едно возило многу зависи од индивидуалниот профил на употреба и каде се вози возилото: градски сообраќај, регионални патишта или автопати. Овие разлики подобро се земаат во предвид со циклусот на возење WLTP. Наместо пресметување само на вредностите „во град, на отворено и комбинирано“ (како што наложуваат регулативите (EC) бр. 715/2007 и 692/2008) врз основа на потеоретски профил на возење, WLTP овозможува четири индивидуални вредности за различни претходно одредени профили на возење (ниска, средна, висока и многу висока просечна брзина), кои се базирани на статистички анкети и анализа на корисничките профили и просеци. Дополнително, циклусот на возење WLTP е многу подинамичен од NEDC и ги одразува повисоките забрзувања, повисоката просечна брзина и повисоката максимална брзина.

Со вредностите објавени за Opel Astra од јуни, 2016 год. од Opel, се прикажува опсег што може да се објасни на следниов начин: пониската вредност е најниската вредност од четирите фази на WLTP, возено со верзијата на Opel Astra со најниски вредности на потрошувачка за одредени комбинации мотор/пренос. Повисоката вредност ја претставува највисоката вредност од четирите фази на циклусот WLTP, возено со верзијата на Opel Astra со највисоки вредности за потрошувачка за соодветната комбинација мотор/пренос. Добиените вредности овозможуваат добар преглед и корисна индикација за очекуваната дневна потрошувачка.

Забелешка: Вредностите базирани на циклусот на возење WLTP се одредуваат со помош на стандардизиран и претходно дефиниран циклус на возење на симулатор за тестирање.

Close

Циклусот на возење на WLTP („Процедура за тестирање на лесни возила, усогласена низ целиот свет“) ги покрива главните точки на критика на NEDC („Новиот европски циклус на возење“). NECD е тековниот метод на мерење наведен во регулативите (EC) бр. 715/2007 и 692/2008, со кои сѐ уште е законски обврзувачки да се објават вредностите за потрошувачката на гориво и издувувањето, кои се утврдени соодветно според регулативите. Поточно, новиот профил на циклусот на возење поблиску соодветствува на секојдневното возење и не се мери само за одредено ниво на опременост, туку го зема во предвид и влијанието на дополнителната опционална опрема.