Технологија BlueInjection

Видеa

Што е технологијата BlueInjection на Opel?

'BlueInjection е најновата дизел технологија SCR од Opel што користи AdBlue®* за дополнително да го намали нивото на азотни оксиди со цел почисто издувување.

*AdBlue® е регистрирана трговска марка на Verband der Automobilindustrie e.V.

Кога околината има придобивки, имате и вие.

'Преку поседување на возило со технологија BlueInjection помагате во намалувањето на издувувањето на азотни оксиди (NOx), со што се намалува загадувањето на околината.

Претходно
  • Кога да дополните?

    'На автомобилите опремени со системот BlueInjection им треба редовно дополнување на AdBlue® и помеѓу препорачаните сервисни интервали. Но не грижете се, индикаторот на таблата со инструменти ќе ве информира кога нивото ќе се намали.

  • Како да дополните AdBlue®?

    'Дополнете сами благодарејќи на широката понуда на достапни амбалажи. Или едноставно посетете го вашиот локален дилер на Opel за да дополните.

Следно
Претходно
  • Кога да дополните?

  • Дознајте повеќе

Следно

НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА ЗА BLUEINJECTION И ADBLUE®.

Што е AdBlue®?

AdBlue® (исто така наречена течност за издувни дизел гасови) е чиста и нетоксична течност без боја и мирис, која се состои од 32,5 % уреа и 67,5 % вода.
Бидејќи во главно се состои од вода, се замрзнува на -11 °C (најмалата концентрација на замрзнување на раствор од уреа и вода е 32,5 %), па за да му се овозможи на возилото да работи во сите услови, сите резервоари за AdBlue® се опремени со грејач, кој одмрзнува доволно количество на течност за намалување на издувувањата.

Што е технологијата SCR?

SCR значи селективна каталитичка редукција и е технологија што се користи за намалување на азотните оксиди (NOx) од издувниот гас на дизел моторите. Се темели на AdBlue® (исто така наречена течност на дизел издувните гасови), раствор од 32,5 % уреа во прочистена вода, која се вбризгува во издувната цевка. Уреата во AdBlue® испушта амонијак (NH3) со помош на високите температури во издувната цевка, а амонијакот реагира со азотните оксиди (NO и NO2) во каталитичкиот конвертер и ги разрадува на безопасен азот (N2) и водена пареа (H2O).

Има ли замена за технологиите SCR?

Технологиите SCR се најнова технологија во насока на стандардите за издувувања за во иднина. Поради тоа Opel одлучи да ја имплементира BlueInjection (технологијата SCR на Opel) на целата дизел флота од 2018 год.

Што ќе се случи ако не дополнам?

Ако резервоарот на AdBlue® е празен, автомобилот нема да може да се запали штом ќе се изгаси! Ова не е грешка, туку законски задолжителна карактеристика на системот.
Ако се достигне оваа фаза, на системот ќе му биде потребно целосно надополнување пред автомобилот да може да се запали.

На што треба да внимавам кога купувам AdBlue®?

• Прво треба да се внимавате на трговската марка AdBlue® и стандардот ISO 22241-1, како и DIN 70070.
• Исто така, ве советуваме да користите шишиња или канистри со запечатен отвор кон цевката за полнење (вообичаено со зашрафен адаптер). На овој начин се минимизира ризикот од истурање.
• За крај, бидејќи AdBlue® има ограничен рок на употреба, проверете го рокот на употреба пред да дополните.

Бидејќи AdBlue® веќе се користи за комерцијални возила, дали може AdBlue® да се дополни во станици за дополнување на камиони?

Не препорачуваме да дополнувате во пумпите за AdBlue® што постојат во многу бензиски станици за комерцијални возила (камиони и автобуси) бидејќи стапката на проток е премногу висока за патнички автомобили. Дополнително, многу млазници за камиони треба да се ослободат преку магнетниот дел во делот за полнење на возилото, кој што го нема во патничките автомобили на Opel.

Добри вести се тоа што сѐ повеќе има бензиски станици низ Европа што нудат пумпи за AdBlue® со низок проток за патнички автомобили. Дополнувањето со таквите пумпи е лесно како и полнењето дизел гориво.

Што да правам ако ми се истури AdBlue® на автомобилот и/или облеката?

Доколку мали количини на AdBlue® дојдат во допир со бојата на возилото, избришете ги со крпа и, по потреба, исплакнете ја површината со вода.
Ако ви се истури AdBlue® на рацете и/или облеката, само темелно исплакнете со чиста вода.

Дали има можност за поголем резервоар за AdBlue®?

Возилата на Opel ја немаат оваа опција. Има само една големина на резервоар дизајниран за секое возило за оптимизација на ограничувањата на пакетот и тежината.

Кој е производителот на AdBlue®?

AdBlue® е регистрирана трговска марка на VDA, за која Opel Automobile GmbH (матична компанија на Opel) има светска лиценца што ги покрива сите брендови. Произведен е од страна на хемиски компании и само лиценцирани производители и дистрибутери смеат да го користат името „AdBlue®“.

Информации за нашите лесни товарни возила

Веќе имате дизел Opel со BlueInjection?

Close

Отворот за дополнување се наоѓа веднаш до отворот за полнење дизел гориво (или зад отворот на задниот браник во случајот со Antara).
Капачето на резервоарот е обоено и може да се отвори со рака.
Дополнување може да се направи со амбалажи - шишиња и млазници компатибилни со сите патнички автомобили, достапни на многу бензиски станици или продавници. Или користете една од пумпите за дополнување на AdBlue® достапни на некои бензиски станици, кои се специјално наменети за патнички возила. Не користете пумпи за AdBlue® за камиони/комерцијални возила.
• Дополнете сами благодарејќи на широката понуда на достапни амбалажи. Или едноставно посетете го вашиот локален дилер на Opel за да дополните.
• Доколку мали количини на AdBlue® дојдат во допир со бојата на возилото, избришете ги со крпа и, по потреба, исплакнете ја површината со вода.

Close

Секој резервоар AdBlue® е опремен со сензори кои активираат серија од пораки кога нивото на течноста ќе се намали.

 

Тука има три интервали:
• Кога преостанатиот опсег = 2,400 km (или помал во зависност од потрошувачката) - светло за предупредување на кратко ќе се прикаже на вашиот патен компјутер.
• Кога преостанатиот опсег < 1,750 km - светлото за предупредување ќе се прикаже и ќе се повторува секојпат кога ќе го запалите автомобилот.
• Кога преостанатиот опсег = 900 km – светлото за предупредување ќе трепка додека не дополните.

 

Внимание! Ако резервоарот за AdBlue® е испразнет, на системот ќе му треба целосно полнење пред автомобилот да може да се рестартува.&nbsp;&nbsp;

Close

• Иновативна технологија SCR (селективна каталитичка редукција): BlueInjection е дел од системот за третман на издувните гасови на Opel.
• Технологијата BlueInjection директно го вбризгува AdBlue® во издувната цевка и предизвикува хемиска реакција која го намалува издувувањето на штетни азотни оксиди преку нивно разградуцање на азот и водена пареа, кои се безопасни за околината.
AdBlue® е чиста, нетоксична, незапалива течност без мирис, која се состои од 32,5 % уреа и 67,5 % вода.