Skip To Content
Новата Corsa GSE

Новата Corsa GSE

Hot Hatch повторно е тука

Новата Corsa GSE

Hot Hatch повторно е тука

Opel Corsa GSE. OMG

Целосен hot hatch. Целосно електричен. Целосно OMG!
Corsa GSE е спој на адреналински перформанси и впечатлив дизајн. Така се создаваат икони. OMG став: пониска и поширока верзија од стандардната сериска Corsa, hot hatch дизајнот дополнително се истакнува со 18" алуминиумски фелни, обоени шепи за сопирачките и сет за каросерија во сјајно црна боја. Влезете во внатрешноста и откријте ги OMG спортските седишта со специјална ткаенина превземена од наследство на брендот и впечатливи жолти безбедносни појаси. OMG перформанси: 281 КС, обемни 345 Nm вртежи и 0-100 km/h за 5,5 секунди. OMG германски инженеринг: диференцијал со ограничено лизгање, сопирачки Alcon од 355 mm и, да, спортско прилагодена шасија. Најпродаваниот мал автомобил во Германија овозможува високи перформанси и е нашиот најбрз сериски hot hatch досега.

Предупредување: можеби нема да сакате да излезете од возилото!

Ова е внатрешност наменета за возачот, исполнета со спортски дух и во  која секој детаљ е насочен токму кај Вас и Ве подготвува за #OMG моменти. Не само потсетување на нашето минато со hot hatch… ова е почетокот на ново поглавје.


Забавен режим: Се активира!

Не останува уште многу до моментот кога Corsa GSE ќе биде пуштена во продажба. Во меѓувреме, ги доработуваме и доусовршуваме сите детали за уште повозбудливо искуство. А за да не чекате во неизвесност, Ви нудиме ексклузивен поглед на оваа мала hot hatch машина во акција во Nurbürgring. Нема на што.


Останете со нас!

Уште малку до почетокот! Бидете меѓу првите што ќе ги добијат најновите информации за почетокот на продажбата - следете нè на социјалните мрежи за новости.