SKIP TO CONTENT
Карактеристики

НОВИОТ OPEL GRANDLAND HYBRID.

ДИЗАЈН. 

АМБИЦИОЗЕН И СМЕЛ
Новиот Opel Grandland Hybrid е досега нашиот најамбициозен дизајн. Тоа е SUV возило, како никое до сега и комбинира смела естетика и германски инжинеринг. Со новиот препознатлив Opel визир, Grandland има самоуверен изглед и појава на патот далеку подобра од секој типичен SUV. 
ФОКУСОТ Е ОНАМУ КАДЕ ТРЕБА ДА БИДЕ
Новиот Grandland Hybrid е опремен со новиот Опелов Pure Panel. Интегрираните екрани го претвораат возењето во едно сосема ново искуство, преку дигитално прочистениот преглед на податоците. 
ОД ТЛОТО, ПА НАГОРЕ
Кога велиме дека новиот Grandland Hybrind не е типично SUV воизло, мислиме целосно - од тлото, па нагоре. Сите најнови изданија на семејството на Opel, се внимателно осмислени и изработени сè до најситните детали, што може да се  забележи ѝ кај најновите наплатки сега достапни и во боја на каросеријата, во следниве димензии: 17” 18” 19”. 
ЌЕ ПОСТАНЕ ТИПИЧНО СИТЕ ПОГЛЕДИ ДА СЕ ВРТАТ ПО ВАС 
Вие не сте типични.... Па, зошто Вашето SUV возило да биде? Истакнете ја Вашата уникатна индивидуалност преку дво-тонскиот изглед на Вашиот Grandland Hybrid. Различната боја на покривот и каросеријата, гарантира дека ќе привклекувате погледи штом ќе го стартувате моторот.  
ПОВЕЌЕ ОД ИМЕ/ОЗНАКА
Означувањето на новиот Grandland е доказ за чист и смел дизајн, применет на освежениот знамоносец на Опеловата SUV гама. Многу повќе од испис на име, под капакот на кој се поставени овие дизајнирани букви има неверојатна технологија и сила која чека да биде ослободена. Означувањето е само надворешен показател, дека возењето влегува во една нова Ера на Grand. 
СООЧЕТЕ СЕ СО ИДНИНАТА
Од секој агол, новиот Grandland Hybrid е без конкурекнција. Од која страна и да го набљудувате, ќе забележите дизајнерски напредни решенија и истанување на низа детали. Опеловиот визор напред, во себе интегрира низа уреди и сензори, а дизајнерски се „претопува“ во full-LED преднитe светла кои хармонично го истакнуваат дизајнот на визирот.... и секако, има уште многу елементи да се откријат кај новиот Grandland Hybrid. 

ИНОВАЦИИ.

INTELLILUX LED® PIXEL СВЕТЛА

Ви ги прерставуваме најновите IntelliLux LED® Pixel Light предни светла1 - најнапредната технологија за осветлување. Овој систем е најдобар во класата и значително ја подобрува прегледоста при ноќно возење и го избегнува попречувањето на видливоста на возачите кои Ви доаѓаат во пресрет. Секое предно светло е составено од 84 сегменти кои се прилагодуваат на моменталната состојба во сообраќајот, преку автоматско вклучување или исклучување на дел од индивидуалните единици.

 

1 Достапно во зависност од верзијата

 
NIGHT VISION

Вообичаено, само предните светла Ви помагаат додека возите навечер. Но, од сега имате можност да ја користите нашата најнова Night Vision1 иновација за вечерно возење. Напредната инфрацрвена камера значително ја подобрува прегледнонста на патот пред Вас во досег од 300m и ќе детектира пешаци или животни во темнината и истите ќе ги прикаже на екранот пред Вас. Во случај доколку субјектот биде премногу блиску, автоматскиот систем за сопирање во случај на итност (Automatic Emergency Braking систем) ќе се активира. Кога зборуваме за вечерно возење, новиот Grandland дефинитивно не е типичен SUV. 

 

1 Достапно во зависност од верзијата

 
АВТОМАТСКИ СИСТЕМ ЗА СОПИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ИТНОСТ

Овој систем1 автоматски го предупредува возачот за опасноста на која наидува. Доколку друго возило или пешак се доближи до возилото кое е во движење, системот го успорува возилото или сосема го сопира.

 

1 Автоматско сопирање (кочење) во случај на детектиран пешак, каде системот се активира доколку возилото е во движење со над 5km/h или под 140km/h. Од 5km/h до 30km/h

 
НАПРЕДНА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ1

Новиот Grandland Hybrid ќе детектира паркинг место и ќе Ве упати кон тоа. Сè што треба Вие да направите е да забрзате и закочите. Тоа е паметен потег. 

 

1 Достапно во зависност од понудата. Опеловите системи за помош при возење даваат поддршка на возачот во во рамките на ограничувањата на системот.

Одговорноста, останува на возачот.

 
КАМЕРА 360° 

Ќе имате преглед на тоа што обично не би го виделе, дури и во тесен простор. Нашата напредна 360° камера1, детектира објекти кои се на патот и од истите дава приказ на екранот - со тоа, паркирањето и движењето наназад го прави многу едноставно.

 

1 Достапно во зависност од понудата.

 
ПОМОШ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ВО ЛЕНТА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА НЕНАМЕРНО НАПУШТАЊЕ НА ИСТАТА

Уживајте во повисоко ниво на безбедност и внимание додека возите. Системот за помош за одржување на возилото во лента1,2 ќе Ве предупреди за опасноста и нежно ќе го врати2  возилото назад кон ознаките. Предупредувањето за напуштање лента3 Ве предупредува дека ненамерно сте ја напуштиле означената траекторија. 

 

1Опција.

2Рацете мора да останат на управувачот за време на употребата.

3Системите на Opel за помош на возачот се наменети за поддршка на возачот во рамките на внатрешните ограничувања на системот. Возачот останува одговорен за возењето. 

 
ПОМОШ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА АВТОПАТ
Помош за управување на автопат (Highway Integration Assist) е иновативна синергија на системите кај Grandland Hybrid, комбинирајќи напреден темпомат со Stop-and-Go функција и помош за позиционирање на лента. Работи како полуавтоматски систем кој Ви помага да се вклучите на автопат, да следите одредена лента или да го следите возило напред. Функцијата се активира со притискање на копче, а контролата можете да ја вратите во секое време, едноставно со поместување на управувачот.  
8-СТЕПЕН АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ

Изберете од 4 режими на возење - electric, hybrid,  sport  и 4WD1. Режимот Hybrid автоматски ќе ја избере најефикасната опција, паметно ќе се префрли на електричен режим при мали брзини за нула емисии на штетни гасови. Автоматскиот менувач со електричен менувач ги има следниве режими на возење:                                                                                                                                                 

  • Park
  • Neutral
  • Drive
  • Reverse
  • Зголемено регенеративно сопирање

 

1Погонот на сите 4 тркала е достапен кај Hybrid4 моделот.

 

ПРЕМИУМ КОМФОР. 

ЕРГОНОМСКИ СЕДИШТА "ACTIVE"

Заборавете на типичната болка во грбот што ја доживувате на долги патувања, ергономските  предни седишта, сертифицирани од кампањата за „поздрав грб“ (AGR)1, нудат супериорно седење за подолги патувања.                                                                                                                        

  • Опуштена положба за седење
  • Прилагодливи на 16 начини2
  • Луксузен кожен материјал2
  • Функции за загревање и вентилирање2 

 

1 Достапност во зависност од понудата. Сертификатот е печат за квалитет доделен од независна комисија за тестирање, составена од експерти од различни медицински дисциплини.

2 Опција кај избрани нивоа на опременост.                                                                                                                                                               

 
ОПЦИИ ЗА ГРЕЕЊЕ

Победете го студот со следниве опции за греење:

  • Предни и задни седишта со греачи1.
  • Греачи на управувачот1
  • Thermatec™ греачи на ветробранското стакло1
  • Греачи на надворешните ретровизори1.

 

1Достапно во зависност од понудата.

 
БЕЗКОНТАКТНО ОТВОРАЊЕ НА ВРАТАТА ОД БАГАЖНИКОТ

Зошто да го отворате багажникот на типичен начин? Системот, со едно движење на стопалото ќе ја отвори вратата од багажниот1 простор брзо и едноставно.

 

1 Достапност во зависност од понудата.

 

ПОВРЗАНОСТ.

MULTIMEDIA1

Новиот Grandland Hybrid го има нашиот најнов целосно дигитален Pure Panel. Комплетирано со 7" мултимедијални и 10" навигациски екрани на допир, едноставно е да се остане поврзан. Лесно и без проблем ќе го поврзете Вашиот паметен телефон преку Apple CarPlay™1,3 или Android AutoТМ 2,3 за мапи, услуги за пораки и аудио емитување преку:

 

  • АМ/FМ и DAB радио;
  • Аудио емитување и hands-free повици преку Bluetooth®4;
  • Музичка репродукција преку USB интерфејс;
  • Гласовна контрола од поврзаниот паметен телефон.

 

1Apple CarPlay™ и Apple Siri™ се регистрирани трговски марки на Apple Inc., регистрирани во САД и други земји.

2Android Auto ™ е регистрирана трговска марка на Google Inc.

3Компатибилноста и одредени функционалности може да се разликуваат во зависност од видот на уредот и верзијата на оперативниот систем. За да ја проверите компатибилноста на Вашиот уред, одете на www.apple.com или www.android.com или контактирајте со Вашиот дилер на брендот Opel.

4Bluetooth® е регистрирана трговска марка на Bluetooth SIG inc. 

 
НАВИГАЦИЈА

Посетете места на кои не сте биле. Европскиот континент е на дофат со интегрираната 3D-карта преку Multimedia Navi Pro со 10” екран на допир, вклучувајќи услуги за Live Navigation и Live Navigation Plus1,2.

 

  • Динамична 3D навигација со услуга за сообраќај преку Интернет преку OPELCONNECT;
  • База на податоци со интегрирани европски мапи;
  • Точки од интерес (POI) и карактериситки на пропратни дестинации;
  • Гласовна контрола за навигација, аудио и телефон.

 

1Услугите за навигација во живо вклучуваат сообраќај преку Интернет, цени на горивото, информации за паркирање, онлајн пребарување на точки од интерес, онлајн пребарување на точки oд интерес за станици за полнење, временските услови и предупредувања за безбедносни патишта (не се достапни во Германија или Швајцарија)

2Услугите за навигација во живо вклучуваат сообраќај преку Интернет, цени на горивото, информации за паркирање, онлај пребарување на точите од интерес, онлајн пребарување на точки од интерес за станици за полнење, временските услови и предупредувања за безбедносни патишта (не се достапни во Германија или Швајцарија). Live Navigation/Live Navigation Plus се вклучени 3 години а потоа се предмет на дополнителна претплата. Достапноста и опсегот на услугата се разликуваат од возило до возило и земја до земја. 

 
БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ

Кај Grandland Hybrid, повеќе немате потреба од кабли. Системот1 Ви понудува индуктивно безжично полнење.

 

  • Станицата за безжично полнење, секогаш ќе Ви биде од помош за недоволно наполнетите телефони;
  • Достапно за употреба кај одредени паметни телефони.

 

Забелешка:  за полнење на одредени телефони, може да се потребнни, интегрирана намотка или приклучок.

1 Достапно во зависност од понудата. За да ја потврдите компатибилноста со одредени уреди, контактирајте го Вашиот дилер.

 
OPEL CONNECT

Паметни технолошки системи и сродни услуги1 кои овозможуваат поврзаност и современи иновации за да бидете безбедни и да обезбедите возбудливо и ефикасно патување.

 

Спокојство: преку опцијата за автоматски повик во итни случаи или автоматски повик при дефект2, како и редовните статуси и информациите за состојбата на возилото, ќе се чувствувате безбедно во секое време.

 

Погодност: преку апликацијата myOpel, достапна е услугата за е-контрола од длалечина3 . Истата се однесува за проверка на нивото на батеријата, управување со полнењето и управување со ситемот за климатизација.

 

Паметно возење: патувајте опуштено благодарение на Live Navigation/Live Navigation Plus4 и услугата за патување и управување со возење. 

 

1 Достапноста и опсегот на услугата се разликуваат од земја до земја и возило до возило. Услугите може да бараат претплата/доплата и се предмет на покриеност и достапност на мобилната мрежа.

2Користењето на итен повик и дефект бара потпишување на услови и правила со писмена изјава за согласност за локализација на возилото при нарачување на возилото и зависи од покриеноста и достапноста на мрежата. Услугата при дефект (Opel Mobilservice) е бесплатна во првата година по првата регистрација, потоа се наплаќа. Информации за Opel Connect на www.opel.de/connect и за Opel Mobile Service на www.opel.de/mobilservice. Се применуваат соодветните општи услови.

3Само за Grandland Hybrid

4 Услуги за  Live Navigation & Live Navigation Plus се вклучени 3 години и потоа се предмет на дополнителна претплата. Достапноста и опсегот на услугата се разликуваат од земја до земја и возило до возило. Услугите може да бараат претплата или надомест и се предмет на покриеност и достапност на мобилната мрежа. 

 

ОPEL + ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА

Во пресрет на Вашите индивидуални потреби.

Истакнете ја својата индивидуалност користејќи оригинални Opel + дополнителна опрема и искористете го својот Grandland Hybrid на најдобар начин. Дизајнирани и тестирани за Вашиот Opel.

 

*фотографиите може да се разликуваат од достапните производи.