Covid-19 ЧПП

ОСТАНУВАМЕ ДОСТАПНИ!

Во оваа тешка ситуација, Opel Service дава сѐ од себе и продолжува на своите клиенти да им ги нуди сите свои услуги за редовно одржување и поправки на патнички и лесни комерцијални возила, како и помош во случај на дефект. Сакаме да допринесеме за мобилноста на оние кои пружаат јавни услуги, како и за мобилноста на нашите клиенти на кои возилото им е неопходно за основните потреби.

 

Наш прв приоритет е да го заштитиме здравјето на нашите клиенти и нашите вработени со воведување исклучителни мерки во нашите сервисни центри: заштитни мерки, задолжителна употреба на ракавици, одржување безбедно растојание меѓу луѓето, тука вклучувајќи и евентуални редови за чекање при индивидуален прием, закажани термини и при приемот на возилата во нашите сервиси. Доколку имате симптоми како на пр. кашлица или грозница при пристигнувањето во нашите простории, најљубезно ве молиме да го одложите закажаниот термин додека не остварите медицински преглед.

 

Правиме сѐ што е можно за да го зачуваме вашето здравје, вашата сигурност и вашата мобилност.

 

Opel Service внимателно ја следи состојбата и секојдневно ќе го ажурира работното време на сервисните центри во нашата мрежа во согласност со регулативите на Владата. Со оглед на околностите, некои сервиси може да бидат затворени или да работат со прилагодено работно време. Ве молиме да стапите во контакт со вашиот сервис за да ја проверите нивната расположивост.

 

Најдете го вашиот сервис

Контактирајте со службата за корисници преку формулар за контакт

Услугата помош на пат сѐ уште функционира; остануваме на ваша страна - Opel Assistance: (02) 3181193

 

Грижете се за себе и за нашите блиски.

Вашиот Opel Service тим

Често поставувани прашања.

Дали сервисните центри се навистина авторизирани да примаат клиенти?

Со воведувањето на вонредната состојба на 18. март, на сервисите им е оставена можноста да продолжат да ги нудат своите услуги, а со цел да се помогне во борбата против ширењето на вирусот COVID-19, со тоа што ќе им осигураат исправност и безбедност на возилата за лична и/или професионална употреба.

На моето возило треба да се изврши операција која не е итна. Како можам онлајн (преку интернет) да го променам терминот?

Можете:

Директно да се јавите кај вашиот Opel сервисер

Да реплицирате на е-пораката која сте ја добиле како потврда за закажан термин

Какви операции /поправки може да се вршат кај мојот сервисер за време на вонредната состојба?

Секакви. Можеме да ги вршиме сите вообичаени операции (редовно одржување, вонредни поправки...). Сепак, во овој период ќе дадеме приоритет на итните операции.

Дали се сервисите отворени за клиенти?

Да. Ќе се погрижиме за вашето возило без оглед дали сте професионалец или физичко лице.

Моето возило е дел од кампања за отповикување (recall). Дали треба да одам на сервис?

Да. Вашата безбедност е наш приоритет.

Дали услугата Помош на пат сѐ уште функционира?

Да, ја одржуваме оваа услуга оперативна. Доколку сакате да нѐ контактирате, ве молиме повикајте нѐ на телефонскиот број (02) 3181193.

Во случај на дефект, вашето возило ќе се одвлече до вашиот дом доколку имате простор за паркирање, или во сервис. Ќе обезбедиме и услуга мобилност за да ве одвеземе до дома.

Доколку задоцнам со редовната проверка /редовниот сервис на моето возило, дали ќе ја задржам гаранцијата?

Да. За повеќе детали ве молиме да контактирате со вашиот сервис.

Што се случува со мојот FlexCare договор?

Клиентите со FlexCare договор чија важност истекува за времетраење на прогласената вонредна состојба, можат да ги побараат своите закажани сервиси по завршувањето на кризата поради вирусот COVID-19. За сега, услугите можат да бидат одложени до 3 месеци и 3.000 км по првично дефинираниот термин. На пример: Услугата доспева на 26. март, клиентот може да побара нејзино извршување до 26. јуни.

Наскоро истекува гаранцијата која ја дава производителот на моето возило. Јас сакам да купам FlexCare договор. Дали е тоа можно?

За сега, временската рамка во која може да се оствари оваа услуга ќе биде продолжена за 3 месеци. На пример: Гаранцијата на производителот истекува на 2. април, клиентот може да купи FlexCare договор до 2. јули.