Skip To Content
Opel CustomFit

Вистинското возило за Вашиот бизнис
Од персонализирани решенија за возила до обемни надградби, Opel CustomFit нуди многу повеќе од обично приспособување на возилата. Обезбедуваме и проактивна поддршка и врвна експертиза преку целосно обучените професионалци на CustomFit, достапни во секој наш продажно-сервисен центар за лесни комерцијални возила.

 

Без разлика дали Ви е потребен поголем товарен простор, специјализирана опрема, распоред прилагоден на Вашите потреби или брендирање на возилото, со Opel CustomFit Вашата мобилност не е само поддржана, таа е создадена според Вашите барања.


Зошто Opel CustomFit?
 
  • Решенија за возила по мерка. 
    Вашето возило е прилагодено на Вашите специфични барања - без разлика какви се тие барања.
 
  • Квалитет и безбедност.
    Нашите решенија ги исполнуваат строгите стандарди за квалитет и безбедност и се дизајнирани да функционираат беспрекорно со оригиналните системи на основното возило

 

  • Брзо и флексибилно прилагодување.
    Со нашата целосно обучена мрежа на дилери и повеќе од 400 сертифицирани партнери, обезбедуваме брза и ефикасна реализација на секоја надградба.

Пронајдете возило ќе одговара на Вашиот бизнис
Без разлика дали превезувате стока, луѓе или специјализирана опрема, ние гарантираме дека Вашиот возен парк е оптимизиран за безбедност, ефикасност и продуктивност.

Возила за градежништво 

За професионалците во градежништвото, одржувањето на патиштата и уредувањето на пејзажи, робусните и разновидни возила се од суштинско значење. Без разлика дали транспортирате тешки материјали, алатки или отпад, Opel го има возилото. Разговарајте со Вашиот дилер за опциите за прилагодување.

Нашите главни препораки вклучуваат:

 

  • Movano еднонасочен кипер: идеален за едноставно истоварување одзади, совршен за транспорт на земја, чакал или шут
  • Movano тринасочен кипер: овозможува максимална флексибилност со странично и задно отварање, идеален за тесни простори или нерамен терен.
  • Movano Dropside (отворен сандучар со страна што се отвара): лесно товарење и истоварување на гломазни материјали, со преклопни страни за целосен пристап.
Возила за достава

Opel нуди решенија за возила прилагодени на брзите и динамични барања на професионалците за достава, со фокус на ефикасност, безбедност и заштита на товарот. Разговарајте со Вашиот дилер за можностите за прилагодување.

Покрај нашата палета на фургони, исто така препорачуваме:

 

Movano Cargo Box (затворен сандучар): целосно затворено, безбедно решение отпорно на временски услови, идеално за достава на пакети, храна или стока. Обезбедува максимална заштита на товарот, оптимизиран простор за товарење, идеално за брза и ефикасна достава во градски услови.

Транспорт за општа намена

Доколку транспортирате широк спектар на стока: гломазна, неправилна или палетизирана  Ви е потребна флексибилност и добра пристапност. Opel нуди прилагодливи решенија за возила кои обезбедуваат ефикасно товарење, безбеден транспорт и лесно истоварување.

Разговарајте со Вашиот дилер за опциите за прилагодување. Препорачаните конфигурации вклучуваат:

 

Movano Dropside (отворен сандучар со страна што се отвара): идеален за транспорт на градежни материјали, палети или опрема. Страничните панели што се склопуваат овозможуваат брз и лесен пристап од сите агли, совршени за товарење со виљушкар или мануелно ракување.

 

Movano Cargo Box (затворен сандучар): нуди затворен, водоотпорен транспорт за стока на која ѝ е потребна дополнителна безбедност или заштита. Одличен избор за општа логистика, услуги за преселба или мешан товар.

Превоз на патници

Доколку Вашиот бизнис вклучува превоз на техничари или тимот за работа, удобноста и практичноста се од суштинско значење. Opel нуди паметни, професионални решенија за безбеден и ефикасен превоз на луѓе, без компромис во однос на просторот или функционалноста.

Разговарајте со Вашиот дилер за опциите за прилагодување.

 

Најдобри препораки:

Combo Crew Van (со два реда седишта)

Vivaro Crew Van (со два реда седишта)

Movano Crew Van (со два реда седишта)

Служби за итни интервенции

CustomFit испорачува високо-перформансни решенија, подготвени за секоја задача, кои ги исполнуваат строгите оперативни стандарди за возила на службите за итна помош.

Препорачани адаптации:

 

Возила за брза помош: дизајнирани за брза реакција и грижа за пациенти, нашите стандардни решенија вклучуваат медицински сертифицирана опрема, безбедно складирање на опрема и оптимизиран распоред во внатрешноста за болничарите.

Полициско возило: дизајнирано за мобилност, издржливост и контрола, нашите решенија за полициско возило вклучуваат безбедни прегради, интеграни комуникациски систем и зајакнати ентериери.

Персонализација

CustomFit им овозможува на компаниите да ги прилагодат своите возила за да ги задоволат специфичните оперативни потреби и стандардите на брендот. Најпопуларните опции за персонализација вклучуваат:

Заштита на ентериерот:

достапно во различни материјали и завршни обработки:

Подни покривки, странични панели и лакови на тркалата

Обезбедување на товарот

Обезбедување безбеден транспорт на стока:

Шини, прицврстувачи и модуларни полици

Дополнителни опции

Надградби на осветлувањето, елементи за брендирање и интеграции на напојување