Skip To Content
Преглед

Новиот Vivaro

Завршете ја работата ефикасно како вистински професионалец. Флексибилните седишта и одличното поврзувањето додаваат удобност и практичност, додека обемниот товарен простор и исклучителната носивост придонесуваат за продуктивноста. Новиот Vivaro е многу вешт и разновиден превозник, што го прави идеален избор за речиси секаков вид на бизнис.


m3
Максимална должина на товарање(1)
6.6 m3
Максимален волумен на товарaње(1)
1,400 kg
Максимална носивост(2)
(1)  Во зависност од избраната верзија и опции
(2)  Макс. носивоста ја зема предвид тежината на возачот


Вашата најдобра алатка е Вашето комерцијално возило

Новиот Vivaro е подготвен за секој предизвик! Достапен е во низа различни големини и со прилагодлива внатрешност, вклучувајќи го и FlexCargo®, за да одговара на Вашите индивидуални деловни потреби.

Иднината е електрична

Откријте го новиот Vivaro Electric. Перформанси без компромис. Дали сте спремни за промена?

Разновидност
Пронајдете го совршениот модел за Вас
Прилагодете го Вашето комерцијално возило според Вашите професионални потреби. Новиот Vivaro е достапен во низа должини и стилови на каросеријата, со карактеристики што Ви овозможуваат навистина едноставна и брза испорака за Вашите клиенти. Кажете „да“ на поголема флексибилност и подобри резултати!
Товар
Паметно пакување
Новиот Vivaro обезбедува уникатна флексибилност на товарниот простор во компактна надворешност благодарение на паметните карактеристики како FlexCargo®, двојните лизгачки врати и hands-free пристапот. Тоа го прави извршувањето на Вашите работни задачи уште поефикасно и полесно.
Поврзаност
За најбрзиот пат до Вашата дестинација
Со новото Vivaro, ја зголемувате ефикасноста при секое возење. Неговите ефикасни, но моќни мотори, како и опциите на системот за навигација и услугите OpelConnect овозможуваат да бидете на вистинскиот пат со Вашите колеги.
Moбилна канцеларија
Работете од секаде
Нема повеќе да го држите лаптопот на колена додека управувачот Ви пречи. Претворете го Вашето ново Vivaro во вистинска канцеларија на тркала и придвижете го Вашиот бизнис кон иднината.
Безбедност и помош при возење
Безбедност на прво место
Патниците, комерцијалното возило и товарот заслужуваат заштита. Напредните функции кај новото Vivaro помагаат да се спречат несреќи и да се поедностави возењето. Не овозможуваат само Вашиот бизнис да оди чекор напред, туку и да бидете побезбедни.
Возете ефикасно
Го носи Вашиот бизнис чекор напред
Извлечете го максимумот од Вашето ново Vivaro благодарение на неговите високоефикасни, но моќни мотори и изборот на менувачи. Без разлика дали сакате да стигнете до клиент на кратка релација, сакате да возите подолга релација или Ви се потребни максимални перформанси со тежок товар, Вашето Vivaro е деловен партнер кој ќе Ви помогне при извршување на сите работните задачи.
Opel+ дополнителна опрема и повеќе
Прилагодете согласно Вашите потреби
Нудиме широка палета на дополнителна опрема, од носачи за кров до куки за влечење, за дополнително да го прилагодите Вашето ново Vivaro на Вашите професионални потреби. Откријте која опрема најмногу одговара за Вашиот бизнис.