Дизајнирано со германски квалитет

Носивост и капацитет

Носивост: до 1000 kg
Капацитет M: 3,3 - 3,8 m3
Капацитет XL: 3,9 - 4,4 m3

Мотори и менувачи

Eлектричен: опсег до 343 km WLTP
Дизел (130 КС MМ/AМ и 100 КС MМ)
Бензин (110 КС ММ)

 

Димензии

Maксимална висина на возилото: 1,86 m
Должина M: 4,4 m
Должина XL: 4,75 m

 

Носивост и капацитет

Носивост: до 1000 kg
Капацитет M: 3,3 - 3,8 m3
Капацитет XL: 3,9 - 4,4 m3

Мотори и менувачи

Eлектричен: опсег до 343 km WLTP
Дизел (130 КС MМ/AМ и 100 КС MМ)
Бензин (110 КС ММ)

Димензии

Maксимална висина на возилото: 1,86 m
Должина M: 4,4 m
Должина XL: 4,75 m


Дали собира сè?

Проверете ги димензиите, пристапот до товарниот простор, волуменот, носивоста и многу повеќе.

Надворешни димензии

Погледнете која должина на возилото е вистинскиот избор за Вас. Нашиот најпродаван модел е фургон XL со обемна носивост.

Внатрешни димензии, волумен, тежина и носивост

FlexCargo™ овозможува повеќе

Изберете FlexCargo™ за да добиете уште повеќе простор, плус дополнителна придобивка од мобилната канцеларија.


Фургон или верзија со два реда седишта?

Opel Combo овозможува широк спектар можности и флексибилност на избор, задоволувајќи ги потребите на малите и средните бизниси низ цела Македонија. Combo е совршено прилагоден за предизвиците на работните услови, благодарение на пневматиците M+S и напредниот систем Grip Control. Во внатрешноста е опремен со практични прегради за складирање, осмислени имајќи ги предвид потребите на деловните корисници. Без оглед на тоа со каков бизнис се занимавате и без оглед на Вашите специфични потреби, нашите комерцијални возила се произведени според највисоките стандарди на германскиот дизајн и инженерство.

Преглед на Opel Combo Cargo

Combo Cargo го овозможува она што му е потребно на Вашиот бизнис: можност за избор и практични карактеристики, сето тоа спакувано во комерцијално возило кое може да одговори на Вашите деловни потреби. Достапен е во три нивоа на опрема: Start, Advance и Ultra.


Функции без кои нема да сакате да бидете

Opel Combo Cargo Start

Посебно внимание посветуваме на Combo Start, нашето ново основно ниво на опременост. Тука практичноста се спојува со достапноста, со неколку одлични и уникатни карактеристики дизајнирани да Ви помогнат Вам и на Вашиот бизнис да се движите во вистинската насока.

Combo Cargo Start карактеристики

Практични и достапни функции кои ке помогнат при Вашето секојдневие


Работи како професионалец. Се вози како автомобил.

Секој што користи комерцијално возило го знае ова. Човечките фактори како удобност, безбедност и практичност, прават голема разлика, за Вас и за луѓето кои работат со Вас.

Dynamic Surround Rear Vision

Dynamic Surround Rear Vision користи две камери за прикажување на околината околу возилото на дигиталниот екран, овозможувајќи му на возачот целосен преглед од сите страни.

Безбедносни функции и системи за помош при возење

Combo Cargo е опремен со низа напредни безбедносни функции и системи за помош при возење, кои покрај функциите прикажани овде, вклучуваат и адаптивен темпомат, систем за предупредување при замор и намалено внимание на возачот и интелигентен систем за препознавање и одржување на ограничувањето на брзината. Овие функции може да се деактивираат доколку не се потребни. Возењето наназад и паркирањето се олеснети со помош на задните сензори, додека ноќното возење е побезбедно благодарение на автоматското активирање на светлата и бришачите.

Opel CustomFit

Вашите специјализирани услуги. Вашето комерцијално возило по мерка.

Стручност во Вашиот локален дилер на Opel

            
Без разлика дали станува збор за едноставна опција за прилагодување или за високо специјализирано решение изработено по мерка, нашите дилери се тука да Ви понудат стручни совети и услуги, вклучително и монтажа. Вистинското возило, вистинските опции за прилагодување. Вистинската цена.

Погонски системи кај Combo Cargo

Постои погонски систем кој одговара на секој тип на бизнис.

100% електричен

50 kWh батерија,  100 kW (136 КС)
опсег до 343 km (WLTP)
3 режими на возење

Бензин

1 мотор
81 kW (110 КС)
Maнуелен менувач

 

Дизел

2 мотори:
96 kW (130 КС), мануелен или автоматски менувач
75 kW (100 КС), мануелен менувач

 

100% електричен

50 kWh батерија,  100 kW (136 КС)
опсег до 343 km (WLTP)
3 режими на возење

Бензин

1 мотор
81 kW (110 КС)
Maнуелен менувач

Дизел

2 мотори:
96 kW (130 КС), мануелен или автоматски менувач
75 kW (100 КС), мануелен менувач


Зошто електричните возила се вистински избор

Електричните комерцијални возила стануваат сè попопуларни. Зошто? Поекономични се за користење, што овозможува да заштедите во споредба со дизел возило. Побарајте од вашиот дилер да Ви ја прикаже симулацијата на заштедите. Електричните комерцијални возила се идеални и за работа во урбаните средини, каде што просечната дневна километража изнесува околу 100 km. Tие не произведуваат издувни емисии и можат да пристапат до централните средини и зони во кои пристапот е ограничен за возила со дизелски погон.

Кога да изберете бензин или дизел мотор

Ако природата на Вашиот бизнис бара да возите на долги релации, можеби и во пооддалечени области, изберете бензин или дизел мотор. Тоа е едноставно логичен избор. Изберете мануелен или автоматски менувач, во зависност од Вашите потреби. Овие мотори се конструирани за оптимални перформанси, потрошувачка на гориво, тежина и емисии.

Изберете го Вашиот Combo Cargo

 Сите нивоа на опрема на Combo Cargo вклучуваат Safety Pack, управувач со команди за управување со различни функции, електрично прилагодливи и странични ретровизори со функција за греење, како и 2 USB-приклучоци и еден 12V приклучок.  Изберете го нивото на опрема што најмногу Ви одговара. 

Услуги за управување со возен парк

Управувањето со возен парк бара многу повеќе од само одржување на возилата на пат. Станува збор за обезбедување нивна безбедна, ефикасна и сигурна работа секој ден. Преку соработката со нашиот едуциран, обучен и искусен професионален кадар, навремено ќе можете да ги предвидите потребите за одржување на Вашето возило, пред тие да предизвикаат прекини во работењето. На тој начин ја подобрувате безбедноста, ги намалувате трошоците и обезбедувате Вашиот возен парк да работи со максимална ефикасност.

Откријте ги некои од нашите главни карактеристики