Рециклирме за нашата животна средина
Бидејќи животната средина ни е толку важна, ние ја зголемуваме ефикасноста на нашиот процес на рециклирање преку дизајнирање одржливи производи уште од самиот почеток.
Дизајнот на Opel за одржливост е клучен елемент во одговорноста за нашите производи. И има за цел да го намали отпадот произведен при производството на возила, како и на крајот на животниот век на возилото. Дизајнот на Opel за одржливост е дел од нашата заложба за животната средина и зачувување на материјалите и енергетските ресурси.
Дизајн за одржливост
Интегрирана одговорност за производите
Развој
- Проценки на животниот циклус
- Избор на материјали ориентиран кон одржливост
Производство
- Употреба на рециклирани материјали (рециклира)
Употреба
- Отстранување од страна на дилерите (управување со отпадот)
- Резервни Делови
Обнова
- Обновување возила
- Процистување од загадувањето и претxоден третман
- Директива ELV на ЕУ
Opel има долга традиција на користење на рециклирани материјали, исто така познати како рециклати. До денес употребата на рециклати постојано се зголемуваше. Повеќе од 230 пластични видови на рециклати се специфицирани и одобрени за употреба во производството. Од техничка перспектива се прават многу напори за зголемување на количината на материјали за рециклати што се користат.
Во споредба со материјали што не се рециклирани, рециклатите мора да ги исполнуваат истите технички барања. Рециклатите се преферираат кога цената на делот не е зголемена. Квалитетот никогаш не е компромитиран. Нашиот тим за рециклирање ги вложува сите напори за одржување на висококвалитетен изглед и чувство, механичка и термичка издржливост, заедно со стандардите за перформансите.
Всушност, бидејќи нашите рециклирани материјали се со толку висок стандард и квалитет, тие сега можат да се користат за видливи делови, како и за скриени делови на автомобилите на Opel.
Концепт на обнова
За вашиот Opel што е на крајот на животниот век
Достава
Претходен третман и прочистување на загадувањето
Расклопување
Складирање
Уред за расклопување и категоризација
Постројки со технологија по расклопување и категоризација
Рециклирање/обнова/депонија
Мрежа на враќање
Рециклирајте го вашиот Opel
Ние отсекогаш сме се труделе да бидеме еколошки, но сега рециклирањето не е избор, туку законска обврска. На 08.06.2006 година во Ирска стапија на сила прописите за ELV (возила со изминат животен век). Тоа е иницијатива за рециклирање која бара од производителите да го намалат количеството отпад создаден за време на производството на возила и на крајот од животниот век на возилото.
Од 01.01.2007 година, сите возила на Opel можат да се вратат од страна на сопственикот во некој од договорните партнери на Opel за враќање возила на крајот од животниот век. Ова е бесплатна услуга, која е предмет на одредени услови (видете подолу).
Сакаме да се осигуриме дека вашето возило со изминат животен век ќе се рециклира на еколошки начин. Затоа ве уверуваме дека сите наши локации за враќање ги исполнуваат законските услови од регулативата ELV, со тоа што тие се сертифицирани од независни експерти во согласност со законот. Секој од нашите партнери за враќање, сите процеси и документацијата за сите влезни и излезни материјали ќе бидат проверени и од нашите експерти за рециклирање.
Вашиот Opel со изминат животен век се квалификува за нашето бесплатно враќање само ако:
- Не недостигаат основните делови или компоненти
- Возилото не содржи никаков неавтомобилски отпад
(Коментар за претставници на земјите, да се прикажува на Интернет-страницата: Ве молиме проверете ги можните дополнителни барања за бесплатно враќање во националното законодавство. За Германија, на пример, тоа се следниве услови:
- Возилото има до 9 седишта или е лесено комерцијално комбе до 3,5 тони
- Возилото последно било регистрирано во ЕУ
- Во возилото било регистрирано помалку од еден месец во ЕУ
- Оригиналните документи за возилото се предадени заедно со возилото)
Предајте го вашето возило со изминат животен век на нашиот партнер за враќање и тие ќе ви дадат потврда за уништување (CoD), документација што ви е потребна за прекинување на регистрацијата на вашето возило. Сега можете да си заминете спокојно, знаејќи дека вашето старо возило ќе се отстрани на еколошки најкорисниот начин.