Skip To Content
Комерцијални возила

Комерцијални возила

Понуда на комерцијални возила на Opel.

Логистика, транспорт, дистрибуција? Независно кој термин ќе го одберете, сепак бизнисот се сведува на доставување производи. За профит, пак, се потребни максимална ефикасност, сигурност и економичност. Затоа го обезбедивме комерцијалното возило на Opel, што совршено ќе се вклопи во вашиот бизнис. Подеднакво важно, во Opel располагаме со стручност и со избор на додатоци, со кои вашето комби возило да ве опслужи со сѐ што ви е потребно.

Малите возила се убави за возење во град, па затоа го нудиме Corsavan или поголемиот Astravan за вашиот мал багаж, пакувања, кутии или сервисер со неговата опрема и помошници да се пренесат до потребното место: и тоа брзо. Следно по големина е Opel Combo што може да пренесува и тежина од еден тон, или пак да овозможи разграничување на обемниот товарен простор помеѓу луѓето, пренесуваната стока и алатите на начин што нема да ја наруши удобноста на возењето.

 

Понудата на возила од редот на Opel Vivaro и Movano навистина овозможуваат значителен физички простор за работа. Елегантни, практични и приспособливи, како комби возила Opel vans, тие истовремено ви служат и како одлични визит карти. Сепак, елеганцијата значи многу за имиџот. Понатаму, ако вашата заработувачка зависи од пренесување лица, во луксузни превозни средства, со целосна опрема за работа, или во мали автобуси, со внатрешност и удобност налик на авион, во понудата на Vivaro и Movano ви го нудиме совршениот производ.

 

Разноличието што го нудиме се движи од комби возила, возачки кабини, шасии, фабрички адаптации и специјализирани возила од реномирани добавувачи. Важно е да се истакне дека ское комерцијално возило на Opel нуди доволно комфор, одлична опременост со најнова опрема и помагала за навигација и конектирање, но и удобност која прилега на еден вистински автомобил. Всушност, силно веруваме дека покрај безбедноста, клучен приоритет претставува удобноста за возачот и патниците, што пак придонесува за ефикасно управување со возилото. По сè што дознавте за нашите понуди зарем од нас би очекувале нешто помалаку од ова?

Vivaro Van

Од 23.311 €

Качете се во Vivaro Life или Vivaro Tour и откријте ја флексибилноста пространост, приспособливоста кон потребите на вашиот животен стил и исклучителните опции за комфор.

 
Дознајте повеќе
Movano Van

Од 27.739 €

Opel Movano е вистинска ѕвезда во светот на комби возилата. Импресивниот избор на варијанти, товарни можности и височина го става на водечкото место.

 
Дознајте повеќе