Сите слики покажуваат посебна боја и спецификација. Достапност во зависност од верзијата, опремата и обемот на нарачката.
Новиот Movano
Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod tempor invidunt
Новиот Movano
Новиот Movano
Новото Movano го задржува во целост докажаниот квалитет на конструкција и практичност на Opel, сега подобрен со уште поголем капацитет на носивост, освежен професионален дизајн и надградени функции за помош на возачот. Тоа е совршена германска алатка за извршување на Вашите работни задачи, дизајниран да ја зголеми ефикасноста и да ги намали оперативните трошоци.
До 2 t
Максимална носивост и капацитет на влечење до 3t. (1)
17 m3
Максимална носивост: фургон (простор за 5 еуро-палети) (1)
4 должини / 3 висини
Фургон (3 должини /3 висини), верзија со повеќе реда седишта, шасија со кабина (4 должини), верзија со два реда седишта, шасија до двојна кабина и платформа со кабина со широк спектар на верзии и конверзии.
(1) Во зависност од избраните верзии и опции
Нема преголема работа
Каков и да е Вашиот професионален предизвик, најголемото комерцијално возило на Opel е секогаш подготвено за испорака. Погледнете го новиот Movano и неговата разновидна палета на модели, паметните решенија за внатрешноста, ефикасните погонски единици и многу повеќе.
Иднината е електрична
Откријте го новиот Movano Electric и неговата широка палета на верзии. Опремен со разноврсна внатрешност, одлична носивост и доверлива батерија, ова комерцијално возило е подготвено да Ве поддржи во речиси секоја работа. Дали сте подготвени за промена?
Разновидност
Со Movano секогаш сигурно ќе ја исполните секоја работна задача
Прилагодете го новиот Movano за да ги задоволи Вашите деловни потреби. Достапен е во низа верзии на каросерија (4 должини / 3 висини). Неговите приспособливи карактеристики Ви овозможуваат да обезбедите врвна услуга на Вашите клиенти. Работете ефикасно и постигнувајте најдобри резултати со вештото комерцијално возило кое е дизајнирано според Вашите потреби.
Товар
Товарете сè одеднаш
Носивоста и димензиите плус изобилството практични решенија го прават новиот Movano лидер за функционалнос на товарниот простор, а со тоа и идеално решение за да извршите широка палета на задачи.
Поврзаност
Најбрзиот пат до Вашата дестинација
Со новиот Movano ја зголемувате ефикасноста при секое возење. Ова не се должи само на неговиот економични дизел мотори, туку и благодарение на неговата напредна поврзаност и навигација. Подобрете го Вашиот работен ден со врвниот инфозабаваен систем и оптималното планирање на рутата.
Разновидна кабина
Работете од секаде
Нема повеќе балансирање на лаптопот на колена додека управувачот Ви смета. Tрансформирајте го Вашиот нов Movano во соодветна канцеларија на тркала и придвижете го Вашиот бизнис кон иднината.
Ефикасно возење
Професионална моќност
Максимизирајте го Вашиот деловен потенцијал. Новиот Movano ја подигнува конкурентната ефикасност на повисоко ниво со робустниот 2,2-литарски дизел мотор. Освен тоа, имате придобивки и од агилната динамика на возење и ниските трошоци за сопственост.
Безбедност и помош при возење
Безбедноста на прво место
Подобрете ја безбедноста за Вас и Вашиот тим со напредни функции дизајнирани да спречат несреќи и да го олеснат возењето. Покрај различните корисни системи за помош на возачот, новиот Opel Movano опционално е опремен и со Full LED предни светла. Тие не само што му даваат на Вашето комерцијално возило поостар изглед, туку уште поважно, тие овозможуваат 30% подобрување на перформансите на осветлувањето во споредба со стандардните халогени предни светла.
Opel+ дополнителна опрема и повеќе
Оптимизирајте понатаму
Нудиме широка палета на дополнителна опрема, од кровни носачи до куки за влечење, за дополнително да го прилагодите Вашето ново Movano на Вашите деловни потреби. Откријте која опрема најмногу одговара на Вашите потреби.