Преглед

Opel Movano е силен, сигурен и му нуди незаменлива удобност на возачот. Достапен е во многу различни верзии на опрема и може лесно да се прилагоди за совршено да ги исполни сите ваши деловни барања.

НИЕДНА РАБОТА НЕ Е ПРЕГОЛЕМА.

НАЈЗНАЧАЈНИ ОДЛИКИ.

Разновидноста е загарантирана.

ГИ ЗАДОВОЛУВА ВАШИТЕ БИЗНИС ПОТРЕБИ.

Доверлив бизнис партнер.
Со избор од четири бруто тежини на возилото, четири должини, единечни или двојни задни тркала, погон на предните или задните тркала, три висини на покривот, три излезни моќности, 6-степенски мануелен или Easytronic® менувач и целосен опсег на  опции и додатоци за удобност, деловно работење и погодност, Opel Movano van совршено одговара на вашите деловни планови.

КАСЕТА FLEXTRAY

Сѐ на директен дофат.
Големата лизгачка касета FlexTray со вкупен простор за складирање од 10,5 литри и чиста, рамна површина ви овозможува лесно чување на приборот на директен дофат.

ДОКУМЕНТАЦИЈАТА Е ЗАВРШЕНА.

Земете си ја канцеларијата со вас.
Завршете си ја документацијата без да се враќате во канцеларијата. Двата приклучоци за напојување USB и 12-V и многуте погодни решенија за складирање како што се горните затворени складишта, стандардна или лизгачка касета и држачите што држат шишиња со вода од 1,5 литри - сите се на дофат на возачот. Movano е вашата мобилна канцеларија.

МАСИЧКА НА ПОВЛЕКУВАЊЕ

Разновидни карактеристики за работа.
Користете ја кабината на возачот како мала канцеларија - со масичка на повлекување и држач за чаша што може да се отворат пред совозачкото седиште.

СПАКУВАЈТЕ СЀ.

Простор за вредните.

Широките странични врати од 1,270 mm овозможуваат да се натовари европалета странично на сите варијанти освен на најкратката варијанта. Задните врати со полна висина лесно се справуваат со висините на товарот до 1.820 mm1. Товарете предмети до должина до 4.383 mm. Алките и точките за врзување го држат вашиот товар на место, додека стандардната цврста метална преграда ја штити вашата екипа.

 

 

1На варијантата H2.

ОТКРИЈТЕ ГИ ВАРИЈАНТИТЕ НА MOVANO.

СЛЕДНИ ЧЕКОРИ