Skip To Content
комерцијални возила

Новата палета на комерцијални возила на Opel, конверзии и повеќе

Логистика, транспорт, дистрибуција? Завршете ја Вашата работа! Со новата палета на комерцијални возила на Opel. Без разлика дали претпочитате целосно електричен погон ориентиран кон иднината или високо ефикасен мотор со внатрешно согорување, ќе најдете совршен партнер за да одговара на Вашите професионални потреби. Нашата понуда вклучува сè,,  од фургони, верзија со два реда седишта, шасија со кабина, фабрички конверзии, до специјализирани возила од сертифицирани добавувачи.


Opel Electric: понесете го Вашиот бизнис кон иднината

Новиот Combo Cargo Electric
Новиот Combo Cargo Electric е целосно електрично комерцијално возило кое обезбедува и нула емисии и максимална функционалност. Дури и со својот компактен профил, ова комерцијално возило е особено пространо со носивост до 4,4 m1. Опремен е со врвни функции за управување со товарот, како што е системот за товарење FlexCargo®. Со доверлива батерија и електричен опсег до 354 km2, тој е подготвен да го однесе Вашиот бизнис во поеколошка иднина.

1Во зависност од избраната верзија и опции
2Потрошувачка на енергија (комбинирано) 17.4 - 21.7 kWh/100 km; емисија на CO2 0 g/km; опсег (комбинирано) 289 km до 343 km (во зависност од опремата).*** 
Дознајте повеќе
Новиот Vivaro Electric
Зачекорете кон иднината со најефикасното и разноврсно комерцијално возило во индустријата, со нула емисии и целосно електрично. Истражете го новиот Vivaro Electric, достапен во четири различни стилови на каросерија, две должини и две големини на батерии за опсег до 352 km1. Со својата супериорна разновидност и максималната носивост водечка во класата до 1.263 kg2, ова комерцијално возило е идеален превозник за речиси секоја компанија, дури и кога Вашиот „бизнис“ е Вашето семејство.

1Потрошувачка на енергија (комбинирана) 23,7 - 26,2 kWh/100 km; емисија на CO2 0 g/km; опсег (комбиниран) од 316 km до 352 km (во зависност од опремата).
2Кај моделите опремени со зголемена носивост, макс. носивоста ја зема предвид тежината на возачот. 
Дознајте повеќе
Новиот Movano Electric
Со својата пространа редизајнирана кабина, моќен целосно електричен погон и доверлива батерија, новиот Movano Electric ги носи транспортот на повисоко ниво без емисии. Со максимална моќност до 200 kW (272 КС) и опсег до 424 km1, ќе имате корист од сите импресивни способности за товар, но со помали оперативни трошоци, плус нула трошоци за гориво и издувни гасови. Откријте ги придобивките од широкиот асортиман на новиот Movano Electric и бидете импресирани од зголемената ефикасност и супериорните резултати!

1Потрошувачка на енергија (комбинирано) 26.2-31.2kWh/100 km, емисија на CO2  0 g/km, опсег (комбинирано) до 424 km (во зависност од избраната опрема). 
Дознајте повеќе

Дознајте повеќе за нашите комерцијални возила со ефикасни мотори

Новиот Combo Cargo
Новото Opel Combo комбинира најновата генерација на штедливи мотори и екстремно разновидни опции за складирање за да се прилагоди на Вашата дневна рутина. Дури и со својот компактен профил, Combo е навистина простран, со максимална должина на товарање до 3,4 m(1) и волумен на товарање до 4,4 m3(1). Откријте го нашето ново транспортно решение за компании, опремено со паметни функции и одлични способности.

Потрошувачка на гориво (комбинирано) 5.2 – 6.5 l/100 km; емисија на CO2  136-171 g/km; (во зависност од опремата).

1Во зависност од избраната верзија и опции 
Дознајте повеќе
Новиот Vivaro
Новиот Vivaro е подготвен за секој предизвик! Одликувајќи се со флексибилни седишта и поврзување со висока технологија, а обемниот товарен простор и големата носивост придонесуваат за зголемена продуктивност. Достапен е во низа различни големини и опции за внатрешноста, вклучувајќи FlexCargo® и носивост до 1.384 kg1,2. Откријте ново разновидно и штедливо транспортно решение, со интелигентна помош и безбедносни карактеристики кои се прилагодуваат на Вашите индивидуални деловни потреби.
 
Потрошувачка на гориво (комбинирано) 6.6 – 8.1 l/100 km; емисија на CO2  172-213 g/km; (во зависност од опремата). 

1Во зависност од избраната верзија и опции 
2Макс. носивост ја зема предвид тежината на возачот 
Дознајте повеќе
Новиот Movano

Без оглед на Вашиот професионален предизвик, новиот Movano е подготвен да се соочи со него. Се одликува со освежен професионален дизајн, најсовремени системи за помош на возачот и поголеми можности за носивост. Робустниот 2,2 литарски турбодизел мотор со ниско триење, со конкурентна ефикасност издигната на повисоко ниво и целосно усогласен со Euro 6d го прави новиот Opel Movano, повеќе од кога било, совршена германска алатка за исполнување на секојдневните работни активности.

 

Потрошувачка на енергија (комбинирано) 7.5 – 9.9.l/100 km; емисија на CO2 198-262 g/km; (во зависност од опремата).

 
Дознајте повеќе

Конверзии, опрема, услуги и повеќе

Конверзии
Приспособени понуди за Вашата компанија: пронајдете комерцијални возила и решенија за флотата со одлична вредност за Вашите деловни потреби, со широк спектар на фабрички конверзии и конверзии од трета страна. 
Дознајте повеќе
Услуги
Секој модел на Opel доаѓа со голем асортиман на услуги со цел да се поедностави користењето. Добијте информации за гаранции, помош, услуги за одржување, како и Прирачници за Вашите комерцијални возила од Opel. 
Дознајте повеќе
Дополнителна опрема
Opel Ви обезбедува огромен асортиман на дополнителна опрема за дополнително да го приспособите Вашето комерцијално возило на Вашите професионални потреби. Набавете автентична дополнителна опрема на Opel за Вашето комерцијално возило! 
Дознајте повеќе