НОВИОТ COMBO ELECTRIC
НОВИОТ COMBO ELECTRIC
Новиот Combo Electric го отелотворува сето она што ја истакнува новата гама на електрични комерцијални возила на Opel: Го комбинира деловното искуство на Opel со прецизно инженерство за да се реализира целосно електрично комерцијално возило со оптимална ефикасност и бескомпромисна приспособливост. И покрај неговиот компактен профил, Combo Electric има обемен товарен волумен од 4,4 m³, надополнет со супериорни функции за управување со товарот, како што е системот за должинско товарење FlexCargo® Load-Through.
Електрифициран придружник
Вашиот доверлив партнер при секоја задача. Новиот Combo Electric овозможува водечки димензии за товарење во класата кои се подобрени со паметни карактеристики како што е отворот со вратичка за товарење Flex Cargo. Со импресивна максимална должина на товарење до 3,090 mm3, ова комерцијално возило е компактно однадвор, но сериозно пространо одвнатре.1,2
1 Димензиите може да се разликуваат во зависност од конфигурацијата.
2 Максимална должина на товарање до 3,090 mm со стандардно меѓуоскино растојание кај Combo Electric, 3,440 mm кај Combo Electric со долго меѓуоскино растојание со отворен отвор на преградниот ѕид и преклопени патнички седишта.
Со новиот Combo Electric ја зголемувате ефикасноста при секое возење. Најсовремениот електричен погон, како и опциите на системот за навигација и услугите OpelConnect овозможуваат да бидете на вистинскиот пат со Вашите колеги.
Подобрете ја безбедноста за Вас и Вашиот тим. Новиот Opel Combo Electric е опремен со IntelliLux® Matrix LED1 предни светла водечки во класата кои обезбедуваат оптимална видливост и автоматска приспособливост за да се избегне заслепување на возачите од спротивната страна. Со 14 индивидуални LED сегменти и нов дизајн, IntelliLux® обезбедуваат доверба во сите услови! Патници, комерцијално возило, товар. Заштитете ги со напредните функции кои помагаат да се спречат несреќи и да се олесни возењето.
Ви овозможува да се фокусирате на она што навистина е важно: Вашиот бизнис!
1 Oпција.
Доверлив придружник
Ѕидни полначи
Полнење и опсег
1 Потрошувачка на енергија (комбинирано) 22,4–19,7 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km, опсег (комбинирано) 249 km до 280 km (во зависност од инсталираната опрема).***
2 Combo XL со патничка клупа и отвор во преградниот ѕид. Стандардниот товарен простор е 3,8 m3.