Skip To Content
Паметни промени

Паметни поправки

Побарајте стручна поправка по пристојна цена од вашиот овластениот Opel сервис

Едноставен начин да го поправите вашето возило

Пукнатини од камчиња, град, гребнатини и мали вдлабнатини - да, тие ве вознемируваат. Но, добро е што можете да му го вратите на вашиот Opel неговиот добар изглед. Opel Smart Repair е нашиот брз, економичен и едноставен начин за поправка на ситните оштетувања.
Брз затоа што Smart Repair го намалува времето на застој, така што поправките на ветробранските стакла, боењето на каросеријата или тапацирот се вршат на самото место.
Економичните решенија се важни и за вас и за нас! Затоа ние во Opel секогаш се обидуваме да ги поправаме малите оштетувања, наместо да заменуваме делови. Тоа штеди и време и пари.
Едноставен е затоа што ние го правиме таков. Сè што треба да направите е да закажете средба со еден од нашите Smart Repair сервиси. Ние ќе се погрижиме за останатото!

Поправка на стакло

Пукнатините од каменчиња на ветробранското стакло пречат и го одвлекуваат вниманието, но и не изгледаат убаво. Во многу случаи, ветробранските стакла може да се поправат наместо да се заменат, а со тоа ќе се заштедат пари. Opel Smart Repair може лесно да ги поправи овие оштетувања, па ќе можете да се вратите на патот и да се чувствувате безбедни!

Ситни поправки на самото место

Понекогаш се случуваат мали каросериски оштетувања или гребнатини при паркирање на возилото. Но, благодарение на нашата иновативна техника за распрскување на боите, можеме брзо да поправиме поголеми места на оштетена боја на каросеријата. Локализираната поправка на бојата е флексибилна, економична и штеди време.