БЕЗБЕДНОСТА НА ВАШЕТО ВОЗИЛО Е НАШ ПРИОРИТЕТ
ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ ВАШЕТО ВОЗИЛО Е ОПФАТЕНО СО ПОВИКУВАЧКА КАМПАЊА
Почитувани сопственици на Opel возила,
Повикувачките кампањи се наменети за Ваша безбедност и усогласеност на возилото со важечките прописи, а интервенцијата се извршува бесплатно.
Во тек е сервисна кампања за безбедносно повлекување на воздушните перничиња на марката „Таката“ и се однесува на голем број брендови на возила и производители од секаде во светот. Хемикалиите содржани во внатрешноста на воздушните перничиња од марка „Таката“ може со тек на време да се истрошат (деградираат), особено ако се изложени на жешки и влажни климатски услови.
Ве молиме проверете дали Вашето возило е дел од повикувачка кампања „Таката“.
Повикувачката кампања „Таката“ за воздушни перничиња, се однесува исклучиво на следниве модели на Opel, произведени во одреден временски период:
- Opel Astra J
- Opel Meriva B
- Opel Mokka A
- Opel Zafira C
- Opel Cascada
Со помош на проверка на VIN бројот (број на шасија) можете лесно да дознаете дали Вашето возило е вклучено во кампањата. VIN бројот се наоѓа во сообраќајната дозвола или во осигурителните документи и се состои од 17 алфанумерички карактери. Доколку Вашето возило е опфатено со повикот, Ве молиме што побрзо закажете термин за замена на воздушни перничиња кај некој од овластените сервисни центри на Opel во Македонија.
Проверете го VIN бројот на своето Opel возило
VIN бројот т.е. „Идентификацискиот број на возилото“ е наведен во документите за регистрација на Вашето возило. Тој број мора да се состои од 17 карактери (пример: W0L0ZCF3551123456).
Внесете го VIN бројот во долното поле: