Multimedia Navi Pro (Corsa, Combo, Zafira Life, Vivaro)

MULTIMEDIA NAVI PRO СО 7/8/10-ИНЧЕН ЕКРАН НА ДОПИР

Интегриран европски систем за навигација со онлајн сообраќај

Multimedia Navi Pro за Corsa, Combo, Zafira Life и Vivaro обезбедува прецизно и лесно насочување по маршрутата со ажурирани информации за сообраќајот или цената на горивата за да го направи возењето поефикасно и попријатно. Тука можете брзо да пронајдете информации за инфозабавниот систем Opel Multimedia Navi Pro.

Карактеристики

Аудио:

  • Стандардно радио AM/FM и опционално радио DAB+
  • Пуштање музика преку USB, Bluetooth®, Apple CarPlayTM1 и Android AutoTM1

 

Телефон:

  • Интерфејс Bluetooth® за хендзфри разговори
  • Пристап до телефонски именик и листа на повици

 

Навигација:

  • Интегрирана навигација
  • 3D мапи за Европа (вкл. Русија и Турција)
  • Навигација во живо преку OpelConnect (онлајн сообраќај, цени на гориво, информации за паркирање, онлајн пребарување на точки на интерес - POI)

 

Интеграција на паметен телефон преку Apple CarPlayTM1 и Android AutoTM1:

Прикажува одредени апликации и карактеристики на екранот на возилото, како што се:

  • Мапи
  • Музика и аудио стриминг
  • Телефон
  • Пораки
  • Гласовна контрола Siri за Apple, CarPlayTM1 и Google Voice за Android AutoTM1

 

OpelConnect:

  • Паметниот опсег на услугите OpelConnect1 ќе ви понуди нов степен на безбедност и поддршка – кога и да е, каде и да е.

ЕВЕ КАКО РАБОТИ! ВИДЕА.

Применливо во Opel Corsa, Combo, Zafira Life и Vivaro.

Овде можете брзо да започнете! За да го откриете целосниот потенцијал на системот, погледнете ги видеата со објаснување - Еве како работи!

1 Повик во итни случаи и повик при дефект со пристап до помош на патот се достапни како опција со одредени возила. За дополнителни услуги може да е потребна претплата/надомест и да зависат од покриеноста и достапноста на мобилната мрежа. Достапноста и обемот на услугите се разликуваат од земја до земја и од возило до возило.

2 Apple CarPlay е регистрирана трговска марка на Apple Inc., Android Auto е регистрирана трговска марка на Google Inc. Компатибилни апликации на www.apple.com/de/ios/carplay или www.android.com/auto