Skip To Content
комерцијални возила

Флексибилни деловни решенија

Обезбедуваме целосна 360о поддршка за Вашиот бизнис
Opel Custom Fit
Вашето комерцијално возило треба да ги исполнува Вашите специфични потреби. А тоа често значи професионално прилагодување за зголемување на товарниот простор, инсталирање специјализирана опрема или изработка на целосно прилагоден внатрешен распоред. Нашите стручни тимови и сертифицирани партнери ќе соработуваат со Вас за да овозможат сите потребни модификации беспрекорно да се интегрираат на основниот модел. Навреме и во рамките на предвидениот буџет.
Мрежа на професионални центри
Максималната достапност на Вашата флота е наш приоритет. Нашата мрежа од професионални партнери е посветена на обезбедување на брзи, сигурни персонализирани услуги за менаџерите на возни паркови, со цел возила да останат на патот и да работат без прекин. Секој од нашите центри е тимски поддржан од обучени и сертифицирани професионалци кои ги разбираат секојдневните предизвиците на управувањето со возен парк и знаат колку е важно возилата секогаш да бидат подготвени за работа. Посетете го најблискиот професионален центар и дознајте повеќе.
Услуги за управување со возен парк
Оптимизирајте го Вашиот возен парк со нашите телематски решенија. Нашите поврзани услуги Ви овозможуваат далечинско и во реално време следење на Вашите возила. Така можете да реагирате навреме, да спречите неочекувани дефекти и да го одржите Вашиот бизнис во движење. Со податоци во реално време донесувате попаметни одлуки кои ја зголемуваат безбедноста, ги намалуваат трошоците и ја зголемуваат продуктивноста.
Зошто електричните комерцијални возила се паметен избор
Електричните комерцијални возила стануваат сè попопуларен избор. Зошто? Затоа што се поекономични за користење, полесни за одржување и, пред сè, идеални за работа во урбани средини. Просечната дневна километража од околу 100 km лесно се покрива со самиот опсег на возилото, а полнењето преку ноќ е едноставно и практично. Електричните комерцијални возила не испуштаат издувни гасови при возење, што придонесува за подобар квалитет на воздухот во градовите. Воедно, тоа му овозможува на Вашиот бизнис непречен пристап до градските зони во кои сè почесто се ограничува сообраќајот за возила со дизел мотори.

Дознајте повеќе