Сервисна контрола

OPEL СЕРВИСНА КОНТРОЛА.

Редовното сервисирање и одржување од страна на вашиот Opel сервис, ќе ви помогне да го одржувате возилото во врвна состојба. Тоа ќе ја одржи ефикасноста на моторот, ќе ја подобри економичноста на потрошувачката на гориво и ќе ја намали емисијата на CO2 . Исто така, ќе ви помогне да ги намалите трошоците и ќе ви овозможи безгрижност со тоа што вашиот Opel ќе биде безбеден и сигурен.

Сервисна контрола



Ќе добиете стручна грижа од обучените техничари, оригинални Opel делови и бесплатни проверки за подобрување на безбедноста, отповикувања и надградби на софтверот. Ќе добиете и печат од Opel во сервисната книшка.

 

Нередовната промена на масло или користењето погрешен вид масло ја зголемуваат емисијата на CO2 и го скратуваат животниот век на моторот. Вашиот Opel сервис го користи најефикасното масло соодветно за вашето возило, за да се намали потрошувачката на гориво. Освен тоа, мерачите на притисок во гумите кои ги користи Opel се исклучително точни и гарантираат дека притисокот во гумите ќе биде точен. Пренискиот притисок во гумите ја намалува ефикасноста на горивото и ги зголемува трошоците од потрошувачка на гориво.

За време на закажаниот сервис ќе ја провериме состојбата на филтерот за воздух за да се увериме дека функционира правилно. Блокираните филтри го отежнуваат работењето на моторот, што доведува до повисока емисија на CO2.

Како и секое друго возило, редовното сервисирање му помага на вашиот Opel да остане во најдобра состојба и да ја одржува својата вредност. Само овластен Opel сервис најдобро ја знае технологијата на вашето возило и е опремен со посебни алати и најсовремена опрема за компјутерска дијагностика за да овозможи висококвалитетна поправка за фер цена.

 

Ние препорачуваме возилата да се сервисираат еднаш годишно или на секои 30.000 километри.

Проверете во прирачникот за сопственикот за да потврдите точно што му треба на вашиот Opel.

 

Обем на контрола кај вашиот овластениот Opel сервисер:

  • Промена на филтер за масло
  • Промена на филтер за полен
  • Проверка на акумулатор
  • Проверка на течност за сопирачки
  • Функционална контрола (каросерија, гуми, издув)
  • Функционална контрола (сопирачки, мотор, шасија)
  • Функционална контрола (светла и електроника)