Skip To Content
Opel FlexCare

Opel FlexCare продолжена гаранција 2+2 години

Opel FlexCare Одредби и услови

Продавачот, како договорен партнер на Opel Southeast Europe LLC (во понатамошниот текст „Opel“), ги обезбедува следнава гаранција и услужни елементи за возилото според програмата Opel FlexCare:

 

  • Продолжена гаранција за дефинирани групи компоненти на возилото, како што е наведено
  • подолу, за временскиот период како што е наведено во Opel FlexCare Сертификатот, до
  • максимална километража како што е наведено во Opel FlexCare Сертификатот, што и да се случи
  • прво.
  • Opel Помош на пат за временскиот период како што е наведено во Opel FlexCare Сертификатот, до максимална километража како што е наведено во Opel FlexCare Сертификатот, што и да се случи прво.
  • Редовно сервисирање во број на планирани редовни сервиси или за број на години, како што е наведено во Opel FlexCare Сертификатот.
  • Замената на потрошни компоненти за дефинираните компоненти за број на години, како што е наведено во Opel FlexCare Сертификатот.

 

Елементите кои се однесуваат и важат за возилото наведено во Opel FlexCare Сертификатот, се оние кои што се опишани во истиот Сертификат.

 

Општо:

I. Opel FlexCare пакетот и неговите елементи се применливи за Opel возила купени од физички и правни лица кои немаат договор за специјален попуст за флотна продажба. Исклучени се оние возила кои се користат како такси, возила под наем, авто школи, јавни услужни возила (на пр.амбулантни возила, полициски возила и сл.) или возила кои се нудат за изнајмување или како награди.

 

II. Во случај кога возилото е пренаменето за да се користи во некоја од гореспоменатите цели, елементите од Opel FlexCare пакетот автоматски престануваат да важат.

 

III. Елементите на Opel FlexCare пакетот го следат возилото во случај на промена на сопственост и му се пренесуваат на купувачот во случај возилото да биде продадено.

 

IV. Opel не прифаќа никаква одговорност за дефектите и недостатоците при извршувањето на услугите во однос на елементите од Opel FlexCare пакетот, доколку таквите недостатоци произлегуваат од виша сила, воени дејства, штрајкови итн.

 

V. Во случај на кражба или комплетно уништување на возило кое е предмет на Opel FlexCare пакет, истиот може да биде откажан и плаќањата може да му се компензираат на кулувачот според следните услови, што и да се случи прво:

 

  • Во случај да купувачот нарачал само Opel FlexCare Продолжена гаранција, Opel FlexCare Пакетот може да се откаже во рамките на првите 2 години по првата регистрација на возилото кое е предмет на Пакетот.
  • Во случај да купувачот нарачал Opel FlexCare Пакет кој содржи Редовно сервисирање, Opel FlexCare Пакетот може да се откаже пред да биде извршен првиот планиран редовен сервис или во рамките на првите 11 месеци по првата регистрација на возилото кое е предмет на Пакетот, што и да се случи прво.
  • Во случај да купувачот нарачал Opel FlexCare Пакет кој содржи Замена на потрошни компоненти, Opel FlexCare Пакетот може да се откаже пред да биде извршена првата замена на потрошни компоненти или во рамките на првите 11 месеци по првата регистрација на возилото кое е предмет на Пакетот, што и да се случи прво.
  • Не е возможно откажување или повлекување поради други причини и/или надвор од наведената временска рамка.

 

Барање за откажување може да се поднесе кај продавачот или кај авторизиран Opel дилер. Барањето мора да биде во писмена форма и да содржи доказ за комплетното уништување на возилото / доказ дека возилото е украдено, како и оригиналниот Opel FlexCare Сертификат. Авторизираниот Opel дилер ќе помогне во комплетирањето на соодветните документи и во процесирањето на барањето за откажување.

A. Продолжена гаранција

во случај применлив за возилото, во согласност со Opel FlexCare Сертификатот.

1. Продавачот гарантира за наведените групи компоненти за моторните возила од своето производство покриени со Opel FlexCare, дека таквите групи компоненти немаат дефекти во согласност со највисоките стандарди (оваа гаранција во понатамошниот текст се нарекува „Продолжена гаранција“). Продолжената гаранција стапува во сила на денот кога истекува редовната гаранција за ново возило, во согласност со условите за гаранција на ново возило, како што е наведено во Сервисната и гаранциска книшка, а потоа останува во сила за временски период како што е наведено во Opel FlexCare Сертификатот или додека не се постигне максималната километража, како што е наведено во Opel FlexCare Сертификатот, што и да се случи прво („Гаранцискиот период“).

 

2. Сите побарувања од Opel Продолжената гаранција ќе истечат на крајот на Гаранцискиот период. За гаранциски проблем кој е пријавен во рамките на Гаранцискиот период, но не е поправен до неговото истекување, Гаранцискиот период се продолжува до поправката на проблемот. Доколку проблемот не може да се демонстрира или присуството на проблемот или неговата поправка се спорни, Opel Продолжената гаранција истекува два месеци по последната поправка или по изјава од страна на авторизираниот Opel сервисер или од страна на Opel, дека дефектот бил елиминиран или дека не е присутен никаков дефект. Исклучена е можноста за прекин или одново започнување на Гаранцискиот период поради поправка или проверка на проблемот или поради преговори за околностите кои го оправдуваат побарувањето. Какви било ветувања од трети страни со кои на каков било начин се отстапува од обемот и условите на гаранцијата опишана тука, не се обврзувачки за продавачот и/или за Opel.

 

3. Opel Продолжената гаранција се однесува исклучиво на бесплатната поправка на возилото од страна на авторизиран Opel сервисер, т.е. обврските на продавачот според оваа Продолжена гаранција се ограничени на поправка или можна замена по сопствен избор, на какви било делови од страна на авторизиран Opel сервисер. Поправката или замената на дефектните делови ќе ја изврши авторизираниот Opel сервисер каде е донесено возилото, без наплата за делови и работна рака. Сопственикот на возилото во никој случај нема право на било каков надомест покрај претходно наведеното, соодветно ниту на, на пример, влечење (шлеп), заменско возило, монтажа и демонтажа по испитување, демонтажа кога штетата не се надоместува преку Opel Продолжената гаранција, можна загуба на вредност по поправката, патни или транспортни трошоци, загуба на бизнис и/или загуби во смисла на загубен профит. Според тоа, одговорноста

на продавачот за надомест преку Opel Продолжената гаранција е ограничена на тоа што е наведено погоре. Сепак, определени услуги се предмет на Opel Продолжената помош на пат, која што е вклучена во Opel FlexCare, во согласност со Одредбите и условите како што се наведени во соодветниот дел. Продолжената гаранција не влијае врз правата на купувачот во согласност со важечкиот закон или во согласност со купопродажниот договор за возилото. 

 

4. За деловите заменети при поправка до истекот на гаранцискиот период, се дава истата гаранција како и за возилото, т.е. Opel Продолжената гаранција не се продолжува дополнително со поправката или замената на делови, дури ни за деловите кои се поправени или се заменети. Никакви други дополнителни побарувања не може да се направат врз основа на оваа Opel Продолжена гаранција. Заменетите делови стануваат сопственост на продавачот.

 

5. Право на гаранција може да се оствари само со приложување на оригиналниот Opel FlexCare Сертификатот издаден од страна на Opel.

 

6. Продавачот и Opel го задржуваат правото да ангажираат сопствен инженер за проверка на возилото пред каква било поправка или замена на опфатени делови.

 

7. Opel Продолжената гаранција важи за поправки извршени од страна на авторизиран Opel сервисер во:

 

Австрија, Албанија, Андора, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Велика Британија, Германија, Гибралтар, Грција, Данска, Естонија, Исланд, Италија, Кипар, Косово, Летонија, Литванија, Лихтенштајн, Луксембург, Македонија,  алта, Монако, Норвешка, Полска, Португалија, Република Ирска, Романија, Сан Марино, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Финска, Франција, Холандија, Хрватска, Црна Гора, Чешка, Швајцарија, Шведска, Шпанија.

 

8. Нивото на покриеност на продолжената гаранција е "Complete".

 

9. Продолжената гаранција "Complete" е еквивалент на редовната гаранција за ново возило која ја дава производителот и како што е опишано во Сервисната и гаранциската книшка, која му е предадена на купувачот заедно со возилото. Исто така, исклучоците кои се применуваат за гаранцијата за ново возило која ја дава производителот и како што е наведено во Сервисната и гаранциската книшка, се однесуваат и на FlexCare Продолжената гаранција.

 

Условите, како што се наведени, важат соодветно и за Opel Ampera, со таа разлика што сите поправки може да се извршат само од страна на и кај авторизиран сервисер за Opel Ampera.

 

10. Од продолжената гаранција се исклучени компонентите/групите компоненти вез основа на следните елементи:

 

  • Балансирање и дотерување (подесување) на тркала
  • Регенерација на филтер за дизел честички
  • Дотерување (подесување) на компоненти од каросерија, како што се прицврстувачи и шарки
  • Елиминирање на звуци (бука) од вибрации предизвикани од делови од каросеријата или од погрешно дотерување (подесување) на каросеријата, тркалата или суспензијата
  • Дотерување (подесување) на следново: сопирачки, рачна сопирачка, квачило, менувач, ребраст V-ремен, палење, агол на претпалење, предни светла, геометрија на предни тркала, врати, хауба, врата на багажник, ремени, сончев кров, прозорци
  • Следниве компоненти вообичаено се сметаат за потрошни материјали подложни на абење0 (трошење) во однос на FlexCare Продолжената гаранција и поради тоа се исклучени од гаранција: облоги за сопирачки, барабани за сопирачки, дискови и плочки за сопирачки, потисен лагер, потисна плоча и ламела, пневматици, метлички и гумички за бришачи, помошни погонски ремени, запчести и ребрасти V-ремени, внатрешни/надворешни декоративни тапацири, лајсни, прекривки за седишта и потпирачи за рака, подни прекривки, кршење на стакло (поради надворешно влијание), елементи за греење на стакло (поради оштетување), свеќички, издувни цевки и лонци, батерии за далечински управувачи, осигурувачи, сијалици за фарови со исклучок на сијалици за предно ксенонско светло, гасни амортизери за багажник и за хауба, амортизери и мекферсонови потпорници

 

11. Дополнително, правото на гаранцијата е исклучено:

 

  • ако возилото не било сервисирано според препораките од Opel (на пр. не се вршени проверки и планирани редовни сервиси во согласност со сервисниот план на Opel) или ако други поправки не се извршени на време или во согласност со спецификациите на производителот. Исклучувањето не важи доколку се обезбеди доказ дека штетата не е предизвикана поради пропуштеното или одложеното планирано редовно сервисирање. Извршените сервисирања мора да бидат документирани;
  • за склопови кои се директно или индиректно во врска со делови (на пр. делови за "тјунирање" или стилизирање) кои се дополнително вградени на возилото и кои не се дел од оригиналната дополнителна опрема на Opel, или ако возилото е модифицирано на начин кој не е одобрен од Opel;
  • ако возилото, без претходно одобрение од Opel, е наполнето со гориво со неправилна спецификација, вклучително и таканаречено биодизел гориво, а настанатото оштетување влијае врз компонентите на возилото чија функција може да има негативни последици од полнењето гориво со неправилна спецификација. Истото важи и за работа со работни течности со неправилна спецификација, на пр. моторно масло;
  • доколку возилото се користело за натпревари, трки, рели возења, обиди за поставување брзински рекорди или слични спортски настани или активности, или се возело надвор од асфалтирани патишта, освен ако тоа не е одобрено од страна на Opel;
  • доколку возилото е целосно оштетено до мерка кога е економски неисплатливо да се поправи;
  • доколку идентификацискиот број на возилото (VIN) е изменет или отстранет или доколку не може да се идентификува или не соодветствува со податоците наведени во Сервисната и гаранциска книшка;
  • за запечатени компоненти, доколку печатот е искршен;
  • за дефект или оштетување на делови (без разлика дали се под гаранција или не) предизвикано од замрзнување, вода, блокади поради замрзнати течности, наталожување на контаминанти, кал или талог или друг вид на отпадна материја која спречила деловите правилно да функционираат;
  • доколку мерачот на изминати километри (одометарот) и/или брзинометарот бил изменет, заменет, дотеруван/подесуван или со него е манипулирано на кој било друг начин. Ова исклучување не се однесува на замени или модификации кои се извршени поради дефект на соодветната компонента, доколку таквите замени или модификации се документирани (вклучувајќи го бројот на изминати километри на заменетиот мерач на изминати километри/ одометар).

 

12. Оваа гаранција исто така не важи доколку оригиналната причина за дефектот произлегува од:

 

  • непридржување на препораките на Opel за грижа и третман на возилото (на пр. како што е наведено во Упатството за користење), вклучително, но не и ограничено на непреземањето соодветна активност во случај на палење на сијалички за предупредување или непоправање на откриените дефекти;
  • поправка или планирано редовно сервисирање на возилото, во случај кога таквата поправка и планирано редовно сервисирање не биле извршени од страна на авторизиран Opel сервисер;
  • неправилно ракување или преголемо оптоварување на возилото;
  • надворешни механички или хемиски влијанија на возилото (во случај на оштетување на бојата или каросеријата, особено од камчиња, корозија, индустриски гасови, измет од птици);
  • непријавување и непоправање на дефект кој бил очигледен при испораката на возилото, веднаш по испораката или дефект кој станал очигледен нешто подоцна, веднаш откако станало чигледно;
  • пропуст на сопственикот да ги преземе очекуваните чекори за отстранување на настанатите оштетувања.

 

За специјални конверзии кои не се направени од страна на Opel, не се дава никаква Opel Продолжена гаранција.

 

Инцидентните или последичните трошоци, како што се трошоци за хотелско сместување, изнајмување возило или загуба на лични нешта или приходи, не се надоместуваат според условите.

Б. Opel Продолжена помош на пат

во случај применлив за возилото, во согласност со Opel FlexCare Сертификатот

 

Како составен дел од Opel FlexCare Продолжената гаранција за решавање на инцидентите од Продолжената гаранција кои се случуваат на пат, Opel FlexCare вклучува бесплатна Opel FlexCare Продолжена помош во рамките на договореното времетраење на FlexCare пакетот. Opel Продолжената помош на пат стапува во сила на денот кога истекува редовната помош на пат за ново возило, во согласност со условите наведени во Сервисната книшка, а потоа останува во сила за временски период како што е наведено во Opel FlexCare Сертификатот или додека не се достигне максималната километража, како што е наведено во Opel FlexCare Сертификатот, што и да се случи прво. Opel FlexCare Продолжената помош на пат се дава според истите услови и обем како што се наведени во Сервисната книшка на Opel.

B. Редовно одржување

во случај применлив за возилото, во согласност со Opel FlexCare Сертификатот

 

Opel FlexCare Редовното сервисирање се состои од бесплатно планирано редовно сервисирање (во услови на “нормално користење”), како што е утврдено според Сервисниот план на Opel и во број како што е наведено во Opel FlexCare Сертификатот, за времетраењето на пакетот наведено во Opel FlexCare Сертификатот и до километражата наведена таму, што и да се случи прво. Редовните сервисирања во број на планирани редовни сервисирања наведени во Opel FlexCare Сертификатот мора да се завршат во рамките на времетраењето и километражата наведени во Opel FlexCare Сертификатот, што и да се случи прво. Услугите ги вклучуваат сите опфатени делови (вклучително и течности, моторно масло, течност за сопирачки, разладна течност, средство за ветробранско стакло, масло за менувач - под услов и до ниво според кое таквите течности е неопходно да бидат заменети, повторно наполнети или надополнети за време на редовно одржување – додека во случај кога повторното полнење или надополнувањето е неопходно помеѓу две редовни одржувања, таквото повторно полнење или надополнување не е вклучено во Opel FlexCare пакетот) и работна рака, како што е наведено во сервисниот план и задолжителните дополнителни ставки за сервисирање. Вклучени

се и проверките за заштита од корозија. Opel FlexCare пакетот опфаќа и одредени сервисни делови и работна рака за LPG и CNG возила.

 

Тука не се вклучени делови подложни на абење (трошење), за кои ќе се утврди дека треба да бидат заменети при Редовното одржување.

 

Редовното одржување може да го врши само авторизиран Opel сервисер.

 

Г. Замена на потрошни компоненти 

во случај применлив за возилото, во согласност со Opel FlexCare Сертификатот

 

Opel FlexCare Замена на потрошни компоненти се состои од бесплатни замени на определени компоненти кои се подложни на трошење (абење) како што е наведено во Сертификатот и наброено подолу, за времетраењето на пакетот наведено во Opel FlexCare Сертификатот и до километражата наведена таму, што и да се случи прво. Само оние компоненти кои се дел од оригиналната опрема на возилото се опфатени со Opel FlexCare Замена на потрошни компоненти. Замените се однесуваат на нормално трошење (абење) на делови и компоненти. Исклучени се оштетувањата настанати под дејство на надворешни влијанија, како што се несреќите. Замените ги вклучуваат сите инволвирани делови и работната рака, како што е специфицирано во Техничкиот Информативен систем на Opel.

 

Во рамките на Opel FlexCare, Замената на потрошни компоненти ги опфаќа следните компоненти иелементи:

 

  • плочки за сопирачки,
  • дискови за сопирачки,
  • барабани и облоги за сопирачки,
  • амортизери,
  • лагери на тркала,
  • јабучици,
  • батерии за далечински управувач,
  • спојка (корпа, ламела, потисна плоча),
  • метлички за бришачи (максимум 1 сет годишно),
  • осигурувачи,
  • сијалици (освен ксенонски сијалици и LED),
  • акумулатор (возила со мотор со внатрешно согорување).

 

Компонентите кои не се експлицитно наведени, не се вклучени во бесплатна Opel FlexCare Замена на потрошни компоненти и трошоците за нивна замена треба да ги сноси купувачот.

 

Замената на компонентите е вклучена во бесплатната Opel FlexCare Замена на потрошни компоненти на барање само кога покриената компонента е истрошена (изабена) до или преку границите определени во Техничкиот нформативен Систем на Opel.

 

За метлички и гумички за бришачи, бројот на замени е ограничен, како што е наведено во Opel FlexCare Сертификатот, на најмногу еднаш годишно за целото времетраење на пакетот.

 

“Трошењето” се однесува на одредено нормално користење на возилото и типична претпоставена трајност на опфатените компоненти. Дополнителни замени, на пр. такви што стануваат неопходни поради неназначена или ненаменета употреба или индивидуално однесување во возењето спротивно на упатствата за користење, не се вклучени.

 

Замената на потрошните компоненти може да се искористи кај авторизиран Opel сервисер. Opel FlexCare Замена на потрошни компоненти вклучува само замена на наведените делови или компоненти. Исклучени се (i) надомест на  рошоци за замени извршени надвор од мрежата на авторизирани Opel сервисери, и (ii) секаков надомест за штети настанати поради задоцнета или пропуштена замена на наведените делови и компоненти.

Д. Комбинација на Opel FlexCare услуги

Opel FlexCare Продолжената гаранција доаѓа со бесплатна Opel FlexCare Продолжена помош на пат.

 

Opel FlexCare Редовното сервисирање може да се нарача само со Opel FlexCare Продолжена гаранција и бесплатна Opel FlexCare Продолжена помош на пат.

 

Opel FlexCare Замена на потрошни компоненти може да се нарача заедно Opel FlexCare Редовното сервисирање и Opel FlexCare Продолжената гаранција и бесплатна Opel FlexCare Продолжена помош на пат.