Карактеристики

НОВИОТ OPEL GRANDLAND.

ДИЗАЈН.

АМБИЦИОЗЕН И СМЕЛ
Времето за да се биде типечен е завршено. Смелата и чиста дизајнерска филозофија на Opel го трансформираше новиот Opel Grandland во SUV кој не како другите. Неверојатната спортската естетика се комбинира со прецизни германски линии за да се создаде уникатно лидерско присуство на патот. Ова е SUV кој направи голем чекор напред од типичното.
 
ФОКУСОТ НА ПРВО МЕСТО
Новиот Opel Grandland е опремен со новиот Pure Panel дисплеј на Opel. Оваа дигитална реимагинација на возачкото искуство ја прочистува и поедноставува пренатрупаноста на информациите која е типична кај повеќе SUV возила. Новиот формат на приказ на информациите кај Opel Grandland помина низ дигитален детокс со цел да се елиминираат непотребниот метеж во сообраќајот, бучавата и одвлекувањето на вниманието.
 
ОД ТЕМЕЛ
Кога велиме дека новиот Opel Grandland не е типичен SUV, тоа навистина и го мислиме. Сè за најновиот додаток во семејството Bold & Pure Opel е истражено и изработено до најситни детали и спортскиот изглед на впечатливите лесни алуминиумски наплатки што се достапни во 17 ”18” 19 ”.
 
СИТЕ ПОГЛЕДИ ВПЕРЕНИ ВО ВАС
Не сте типични… па зошто би бил и Вашиот SUV кој го возите? Повторно откријте ја Вашата уникатност додека ги истражувате двобојните комбинации на покривот и каросеријата кај новиот Grandland, за кои гарантирано ќе се вртат погледи секогаш кога ќе го стартувате автомобилот.
 
ПОВЕЌЕ ОД САМО ИМЕ
Ажурираната ознака кај Grandland е јасен доказ за чисто, смело освежување на дизајнот, токму преку предводникот на SUV возилата на Opel. Повеќе од само име, тоа е навестување на неверојатна технологија што се наоѓа под капакот на моторот и припрема за моќност подготвена да биде активирана. Возењето добива влез во сосема нова Grand ера.
 
СООЧЕТЕ СЕ СО ИДНИНАТА
Од секој агол, Opel Grandland е без конкуренција. Ќе забележите смел избор на дизајн, прогресивен акцент на карактеристиките и иновативна технологија направени со доверба. Од предниот дел со визирот на Opel до задниот дел со извајаните LED-задни светла - со Grandland секогаш има нешто ново да се открие.
 

БЕЗБЕДНОСТ И ИНОВАЦИИ.

INTELLILUX LED PIXEL СВЕТЛА
Ви ги претставуваме предните светла IntelliLux LED® Pixel1 - следно ниво во технологијата на предни светла. Овој систем најдобар во класата ја подобрува видливоста во текот на ноќта со постојано светло без сјај за да избегне заслепување на останатите возачи во сообраќајот. Секое предно светло се состои од 84 сегменти кои се прилагодуваат на сообраќајните услови со автоматско исклучување на одделни единици.

1
Достапно во зависност од понудата
 
NIGHT VISION
Особено е значајно, предните светла прегледно да го осветлуваат патот кога возите навечер. До сега, ова е нашата најнова иновација за ноќно возење, Night Vision1. Напредната инфрацрвена камера значително ја подобрува видливоста на нешто повеќе од 300 m пред возилото, надвор од вообичаениот опсег на предните светла, и ќе детектира пешаци или животни во мракот и ќе прикаже видео директно на дигиталната инструмент табла. Доколку нешто се приближи, тогаш системот за автоматско сопирање исто така се активира. Значи, кога зборувате за побезбедно возење во текот на ноќта, новиот Grandland дефинитивно не е типичен SUV.
 
1 Достапно во зависност од понудата. Системите за помош на возачот на Opel се наменети за поддршка на возачот во рамките на ограничувањата својствени на системот. Возачот останува одговорен за возењето.
 
АВТОМАТСКО СОПИРАЊЕ ВО СЛУЧАЈ НА ОПАСНОСТ
Системот1 акустично го предупредува возачот при опасни ситуации. Доколку друг автомобил или пешак се приближи премногу, ја намалува или целосно го запира возилото.

1 Автоматско сопирање во случај на опасност со детекција на пешаци работи автоматски со брзина над 5 km/h и под 140 km/h. Од 5 до 30 km/h метриката на забавување за да се намали брзината на ударот при судир е 0,9 g. Од 30 до 140 km/h системот ја намалува брзината за максимум 50 km/h. Над оваа брзина, возачот треба да сопира за да ја намали брзината уште повеќе. Опсегот на оперативна брзина на автоматското сопирање во случај на опасност со детекција на пешаци зависи од откриената пречка (подвижна пречка: од 5 до 140 km/h; фиксна пречка: од 5 до 80 km/h; пешак: од 5 до 60 km/h) Системите за помош на возачот на Opel се наменети за поддршка на возачот во рамките на ограничувањата својствени на системот. Возачот останува одговорен за возењето.
 
НАПРЕДНА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ1
Opel Grandland ќе детектира место за паркирање за Вас и потоа ќе Ве насочи кон локацијата. Сè што треба да направите е да забрзате и да ја притиснете сопирачката. Паметен потег, нели?

1 Достапно во зависност од понудата. Системите за помош на возачот на Opel се наменети за поддршка на возачот во рамките на ограничувањата својствени на системот. Возачот останува одговорен за возењето.
 
360° КАМЕРА
Видете повеќе од тоа што сте навикати, со целосна самодоверба, дури и во делови со лимитирана видливост. Нашата напредна камера 360 °1 детектира предмети што се на патот додека Вие гледате што се случува на екранот - со тоа паркирањето и маневрирањето се едноставни.

1 .Достапно во зависност од понудата.
 
АКТИВНА ПОМОШ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ ВО ЛЕНТА1

Работи преку системот на предната камерата “Opel eye“. Доколку случајно ја напуштите лентата, автомобилот ќе Ве предупреди и автоматски нежно ќе се врати назад во правилната позиција. Opel Grandland, дизајниран да Ве одржува безбедно во секое време.

 

1Достапно само со опција за напреден темпомат. Возачот мора да ја задржи контролата над возилото во секое време

 
HIGHWAY INTEGRATION ASSIST
Highway Integration Assist е иновативен систем кај Grandland кој комбинира напреден темпомат, Stop-and-Go функција и помош за позиционирање на лентата. Работи како полуавтоматски систем кој Ви помага да се интегрирате на автопат, да следите одредена лента или да го следите возило напред. Активирано со притискање на копче, можете повторно да ја преземете контролата од системот во секое време со едноставно движење на управувачот.
 

ПРЕМИУМ КОМФОР.

ЕРГОНОМСКИ АКТИВНИ СЕДИШТА

Заборавете на типичната болка во грбот што ја чувствувате при долги патувања. Предните ергономски активни седишта, сертифициран од „Кампањата за поздрав грб“(AGR)1, овозможуваат удобно да се сместите при долги патување.

 

  • Позиција за опуштено седење
  • Прилагодување во 16 насоки2
  • Луксузен кожен материјал2
  • Функции за загревање и вентилација2


1 Достапно во зависност од понудата. Сертификатот е потврда за квалитет доделен од независна комисија составена од експерти од различни медицински дисциплини.
2 Опција на одредени нивоа на опременост.

 
ФУНКЦИИ ЗА ЗАГРЕВАЊЕ

Победете го студот со овие кареактеристики за загревање:

 

  • Загревање на предни и задни седишта1. Овозможете си себе и Вашите патници топло седиште.
  • Загревање на управувачот1. Притиснете на копчето и Вашиот управувач ќе Ви ги загрее рацете.
  • Thermatec™ загревање на ветробранско стакло1. Гледајте како мразот брзо се топи.
  • Загревање на надворешни ретровизори1. Нема повеќе стружење на мраз. Овозможете прегледност за кратко време.


1 .Достапно во зависност од понудата.

 
HANDS-FREE ЗАДНА ВРАТА
Зошто да се отвори багажникот на типичен начин? Моќниот систем на задната врата1 се отвора брзо и лесно, или со замавнување на ногата под задниот браник или со притискање на копче.

1 Достапно во зависност од понудата
 

ПОВРЗАНОСТ.

ИНФОЗАБАВЕН СИСТЕМ1

Новиот Grandland е опремен со нашиот најнов целосно дигитален Pure Panel. Комплетиран со целосно интегриран 10-инчен инфо-забавен екран на допир во боја, останувањето во контакт и забавата е сосема едноставни. Лесно можете да го поврзете Вашиот паметен телефон преку Apple CarPlayТМ 1,3 или Android Auto™2,3.

  • Репродукција на музика
  • Функција за примање и читање на е-пошта
  • Пристап до фотографии преку USB
  • Аудио стриминг и hands-free разговор преку Bluetooth®4


1Apple CarPlay ™ и Apple Siri ™ се регистрирани трговски марки на Apple Inc., регистрирани во САД и други земји.
2Android Auto ™ е регистрирана трговска марка на Google Inc.
3Компатибилноста и одредени функционалности може да се разликуваат во зависност од видот на уредот и верзијата на оперативниот систем. За да ја проверите компатибилноста на Вашиот уред, одете на www.apple.com или на www.android.com или контактирајте го Вашиот дилер на Opel.
4Bluetooth® е регистрирана трговска марка на Bluetooth SIG inc.

 
НАВИГАЦИЈА

Посетете места кои до сега не сте ги посетиле. Европскиот континент Ви е на дланка со интегрираната 3D мапа преку Multimedia Navi Pro со 10” екран на допир, вклучително и услуги за навигација во живо2.

 

  • Динамична 3D навигација со услуга TMC со информации за сообраќајот
  • European integrated map database
  • Точки од интерес (POI) и карактериситки на попартни дестинации
  • Гласовно и структурирано внесување на дестинација
 

1 Достапност во зависност од понудата.

2 Услуги за навигација во живо вклучуваат онлајн сообраќај, цени на гориво, информации за паркиг места, пребарување точки од интерес преку Интернет, пребарување на точки од интерес за станици за полнење, временските услови и предупредување за безбедност на патиштата (недостапно во Германија и Швајцарија)

 

 
БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ

Благодарение на индуктивниот безжичен систем за полнење кај Grandland1 нема потреба од повеќе кабли.

 

  • Држачот за безжично полнење е да Ви помогне со хронично празните телефони.
  • Достапен за користење на одредени паметни телефони.
 
Забелешка: за полнење на некои паметни телефони може да биде потребно интегрирање на посебни кабли и приклучоци.

1 Достапност во зависност од понудата. Само за уреди кои поддржуваат PMA или QI. За да ја проверите компатибилноста на Вашиот уред, контактирајте го Вашиот дилер на Opel.
 
OPELCONNECT

Со нашата понуда на интелигентни услуги1, Вие ќе се чувствувате безбедно на пат и ќе сте поврзани со сè каде и да сте.  

 

  • Безбедност: Автоматскиот повик за итни случаи1, Автоматскиот повик при дефект1 и редовните информации за статусот на возилото Ви овозможуваат спокјно да патувате.
  • е-Контрола од далечина2: поставување однапред на температурата, управување со полнењето, проверка на нивото на батеријата.
  • Паметно возење: Патувајте опуштено благодарение на навигацијата во живо3 и планирањето на патувањето. 
 
1 Употребата на повик за итни случаи и дефект бара бесплатен договор со писмена изјава за согласност за локализација на возилото при нарачување на возилото и зависи од мрежната покриеност и достапност. Услугата при дефект (Opel Mobilservice) е бесплатна првата година по првото регистрирање, а потоа се наплаќа. Информации за Opel Connect на www.opel.de/connect и за услугата Opel Mobile на www.opel.de/mobilservice. Се применуваат соодветните општи услови.                                                                                 
2 Само за електрични возила                                                                                                                     
3 Услугите за навигација во живо се достапни бесплатно 36 месеци по активирањето. Потоа се наплаќа
 

ДИНАМИЧНО ВОЗЕЊЕ.

МОТОРИ
Искусете моќност и контрола штом ќе го вклучите моторот со робусните перформанси на Opel Grandland. Технолошките подобрени погонски единици се достапни со Вашиот избор на мотор, вклучени се 1,2 бензински со директно вбризгување1 и моќен 1,5 турбо дизел2, произведувајќи 96 kW / 130 КС.

1 Потрошувачка на енергија XX, X-XX, X kWh / 100 km, CO2-емисија X g / km, класа на ефикасност X)
2 Потрошувачка на енергија XX, X-XX, X kWh / 100 km, CO2-емисија X g / km, класа на ефикасност X)
 
ЕФИКАСНОСТ
Спортската палета на турбо-мотори со ниско триење и висока ефикасност на Opel Grandland овозможува избор на мануелни или нежни 8-степен автоматски менувачи, сите со напредни погони за заштеда на гориво Start / Stop. Сите дизел мотори ја карактеризираат технологија за контрола на емисијата од следната генерација.
 
INTELLIGRIP
Енергијата не е корисна без контрола. IntelliGrip ја става силата испорачана од динамичкиот погонски систем на Opel Grandland точно таму каде што треба да биде за зголемено држење на патот во тешки услови и нула вртење на тркалото. Овој паметен систем овозможува оптимално држење и стабилност на сите видови површини, автоматско прилагодување на дистрибуцијата на вртежниот момент на тркалата и менување на поставките за ESP (програма за електронска стабилност). Возачите можат однапред да го постават IntelliGrip за кал, снег или песок користејќи го едноставното тркалце на централната конзола - или да го остават во нормален режим за да му овозможат на IntelliGrip да ја следи ситуацијата додека уживате во побезбедно, порелаксирано возење низ град и автопат. 

ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА OPEL+ .

Исполнување на Вашите потреби.

Изразете се со оригинални додатоци на Opel и искористете го максимумот од вашето возило. Дизајнирано и тестирано за Вашиот Opel.
Сликите може да се разликуваат од производот на продажба