SKIP TO CONTENT
Преглед

НОВИОТ MOVANO-E

Новиот Movano-e го комлетира обновувањето и електрификацијата на целата гама на лесни комерцијални возила на Opel со достапните 100% електрични погонски единици. Новиот Movano-e е совршена германска алатка за секоја транспортна задача, ја има легендарната функционалност за товарање на Opel и напредните системи за помош на возачот и е дизајниран за максимална продуктивност и подобрени оперативни трошоци. 

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ВАШИОТ НОВ MOVANO-e.

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ВАШИОТ MOVANO-e.

ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ.

Флексибилност, Удобност, Можности, Погони.

РАЗНОВРСНОСТ И ИСКУСТВО.

Гамата на новиот Movano-е.
Создаден за бизнис и дизајниран да работи напорно како и Вие, новиот Movano-е ги задоволува Вашите комерцијални потреби со тоа што ги има сите карактеристики и практичноста како дизел моделите, без да се загрози неговата носивост до 1285 kg. Достапен во четири должини и три висини, може да се конфигурира во широк спектар на верзии, вклучувајќи фургон, crew cab, шасија со кабина, шасија со двојна кабина и шасија со единечна кабина - плус фабрички конверзии на кипер, сандучари со странично отворање и подготовка на камп-приколки. Каде и да Ве одведе Вашиот бизнис, Movano-е е идеалниот партнер. 

ПРОСТОР ЗА РАБОТА. 

Кабината на новиот Movano. 
Внатре во паметно редизајнираната кабина на Movano-е ќе најдете практичен простор кој им е потребен на професионалците за успех. Има и разноврсна мобилна канцелариска област со многу простор за возачот и двајца патници и уште до четири лица, целиот тим може да патува удобно. Сите уживаат спокојно со сеопфатните функции за помош на возачот на Opel Мovano-е, вклучувајќи ја автоматската безбедна сопирачка, предупредувањето за странични слепи точки и предупредувањето за ненамерно напуштање лента.

БИДЕТЕ ЕФИКАСНИ.

Можностите на новиот Movano-е.
Новиот Opel Movano-e нуди практични решенија за предизвиците на современиот бизнис. Моќен електричен погон од 90 kW со вртежен момент до 260 Nm и максимална брзина од 110 km/h дури и носивост до 2,1 тони, GVW до 4,0 тони и до 17 m3 капацитет на товарање, новиот Movano-e сè уште одржува цврста стабилност и одлични возни карактеристики. Обезбедете ја иднината на Вашиот бизнис со врвна употребливост на товарниот простор и безбедно складирање на товарот. 

МОЌНОСТ И ПРОФЕСИОНАЛНОСТ

Погонот кај новиот Movano-e
Конкурентната ефикасност на новиот Movano-e е доведена чекор понапред со достапноста на верзијата со 100% електричен погон за да можете да ги искористите уникатните придобивки од електричниот погон во еден паметен потег. Со цврста погонска група од 122 КС (90 kW) и опсег до 224 km, ги добивате сите импресивни капацитети за товар, но со пониски трошоци за работа, нула трошоци за гориво и издувни гасови.  

ВОДЕЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ ВО КЛАСАТА.

СОВРШЕНО ВГРАДЕНА БАТЕРИЈА

Батеријата се наоѓа на достапно место под подот и воопшто нема влијание врз товарниот простор, што значи дека имате 17,0 m3 товарен простор и дури 1285 kg носивост во верзијата фургон и 1890 kg во шасија со кабина верзијата. Создаден за работа, излезната моќност на новиот Movanо-е е 122 КС (90 kW) со моментално достапен вртежен момент до 260 Nm и максимална брзина до 110 km/h.

 

1Потрошувачка на електрична енергија (комбинирана) е XX, X - XX, X kWh / 100 km; Емисија на CO2 се X g / km; опсег (комбиниран) од XXX km до XXX km (во зависност од дополнителната опрема). 

 
БЕЗ БУЧАВА
Дозволете Вашиот бизнис да привлече внимание од вистински причини. Доста тивок, електричниот погон  во новиот Movan-е е идеален за густиот градски сообраќај и населени места, што значи дека е целосно ослободен од штетни емисии - и од бучава и од издувни гасови. Movano-e е тивок однадвор и внатре и го намалува стресот кај возачот за време на долгите работни денови.  
РЕГЕНЕРАТИВНО СОПИРАЊЕ
Новиот Opel Movan-е е едноставен и интуитивен за управување. Постојат само три некомплицирани режими на возење (Drive, Neutral и Revers) кои може да се вклучат преку три практично поставени копчиња. Времето поминато на службен пат не е изгубено со новото Movano-e. Додека возите, штом ќе ја тргнете ногата од педалата за гас, системот за регенеративно сопирање користи кинетичка енергија и ја претвора во уште поголем опсег.  
БРЗО И ЕДНОСТАВНО ПОЛНЕЊЕ
Новиот Movano-e Ви дава избор помеѓу две батерии - 37 kWh и 70 kWh, во зависност од потребите за опсег за Вашите секојдневни обврски. Полнењето од празна батерија до 80% од оптималниот опсег трае само еден час за двете батерии на јавен полнач од 50 kW, што значи минимален период на прекин на полнењето. Новиот Movano-e има двоен вграден полнач (еднофазен 7 kW и трифазен 22 kW) кој е совршен за употреба со различни типови станици за полнење и за подготовка на Вашето ново Movano-е преку ноќ за целиот претстоен работен ден.  
СЛЕДЕЊЕ НА ПОДАТОЦИТЕ НА ВОЗИЛОТО
Софистицираните сензори и системи за следење на возилото вградени во новиот Movanо-е Ви даваат детален преглед со предвидувања на условите за возење, опсегот и енергијата. Стилот на возење, опсегот и преостанатото ниво на наполнетост практично се прикажани во ретровизорот.  
ЦЕЛОСЕН ПРИСТАП
Растечката загриженост за квалитетот на воздухот во градовите, како и зголемувањето на зоните со нулта емисија, доведуваат до зголемена свест за потребата од електрични комерцијални возила за поекономично работење. Новиот Movano-e значи слобода од промена на цените на горивото и високите даноци на возилата, како и исклучително конкурентни оперативни трошоци. 

OPEL УСЛУГИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА 

Од опции за полнење до услуги за мобилност, услугите на Opel за електрични возила нудат непречен и безгрижен почеток на е-мобилноста.

FLEXCARE-e.