Zafira-e Life
Zafira-e Life
Новата Zafira Electric претставува модерен начин на патување во удобност и со стил. Со целосно електричен погон за потивки и полуксузни патувања, непречено превезување на патниците до нивните дестинации со нула емисии.
347 km (WLTP)1
Максимален опсег
2 должини на возилото
Да одговара на Вашите потреби
До 9 седишта
За вистинска флексибилност
Е-волуција на превозникот на патници
Со опсег до 347 km1 можете да патувате секојдневно на кратки релации, викенди или дури и подолги дестинации со нула емисии.
1 Потрошувачка на енергија (комбинирано) 24,6 – 24,8 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km, oпсег од 213 до 220 km за батеријата од 50 kWh, а за батеријата од 75 kWh: потрошувачка на енергија 24.6-24.9 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; опсег (комбинирано) од 335 km до 347 km (во зависност од опремата).
Паметна, просторна и флексибилна
Истражете ја внатрешноста на новата Zafira Electric
E-Teхнологија
Електрично возење
Сакате да направите чекор кон иднината? Одлична одлука, од сите можни причини. Ефикасно, одржливо и чекор кон иднината. Со новата Zafira Electric може да превезувате луѓе и е совршен партнер да ги исполните Вашите секојдневни работни активности.
Дознајте повеќе за напредната технологија.
Безбедност и помош при возење
Технологија со која ќе се чувствувате безбедно
Вашето семејство и пријателите заслужуваат најдобра заштита. Новата Zafira Electric е преполна со иновативни карактеристики дизајнирани да го олеснат возењето и да Ве заштитат Вас и Вашите патници.
Премиум комфор
Патувајте удобно
Панорамски кров, функција за масажа на седиштата, автоматски клима уред: кај новата Zafira Electric можете да најдете сет на врвни карактеристики кои сигурно ќе Ве импресионираат Вас и Вашите патници.
Поврзаност
Имајте прегледност каде и да одите
Со новата Zafira Electric, ја оптимизирате ефикасноста со секое возење. Најсовремениот електричен погон, како и опциите на системот за навигација и услугите OpelConnect овозмужуваат да бидете секогаш на вистинскиот пат.
Динамично возење
Супериорно управување
Новата Zafira Electric е агилна и динамична, обезбедувајќи непречено возење.
Opel+ дополнителна опрема и повеќе
Ѕидни полначи и повеќе
Електифицирајте ја Вашата мобилност, на едноставен начин: новата Zafira Electric стандардно доаѓа со кабел за полнење. Во продолжение за Вас ја избравме најдобрата дополнителна опрема за електрични возила.
Дознајте повеќе
Ѕидни полначи
Во нашиот центар за е-мобилност можете да ги добиете сите потребни информации за ѕидните полначи и полнењето дома.
Полнење и опсег
Имаме многу повеќе информации за полнењето и опсегот во нашиот центар за содржини за е-мобилност. Проверете го сега.