Карактеристики

ИЗВОНРЕДЕН ИЗГЛЕД И ИМПРЕСИВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ.

ДИЗАЈН.

НАДВОРЕШНОСТ

Авантурата ве повикува, а Grandland X е тука да одговори. Загадочниот SUV ги задржува погледите со острите линии, мускулестиот став и атлетскиот стил.

Совршен од секој агол, и одвнатре и однадвор! Сакате да го направите вашиот Grandland X уште повозбудлив? Тогаш додадете стилизиран двобоен покрив1.

 

1Стандардна опрема со Ultimate и опционална со Innovation. 

 
ВНАТРЕШНОСТ
Кога патиштата ќе станат заморни, релаксирајте се на меките врвни материјали, форми со контури и прилагодлив внатрешен дизајн. Направете го Grandland X совршената зона што ве претставува вас. 
  • Премиум материјали
  • Ергономски седишта (AGR) за здрав 'рбет1
  • Простран багажник (514-1652 l)
  • Дарежлив избор на нивоа на пакети за внатрешноста

 

1Cтандардна опрема со Ultimate. Опционална со Enjoy, Design Line и Innovation. Не се достапни за Selection. Предните седишта AGR на Opel се сертифицирани од Кампањата за здрав 'рбет (AGR), центар за совршенство во ергономијата. Сертификатот е доказ на квалитет доделен од независна комисија за тестирање составена од експерти од различни медицински дисциплини.

НИВОА НА ОПРЕМЕНОСТ И ТКАЕНИНИ

Паметен избор или храбра изјава – изберете ниво на опременост и додајте ги карактеристиките што ви одговараат.

 

  • Стилизиран двобоен покрив1 или панорамски сончев покрив2
  • Кожни седишта3 и управувач
  • Амбиентално осветлување4

 

Изберете го нивото Ultimate за најлуксузното искуство на Grandland X!

1Стандардна опрема со Ultimate, Design Line и опционална со Innovation. Не е достапен со Selection и Enjoy.

2Опционално, не е достапен со Selection

3Опционално, не се достапни со Selection

4Cтандардна опрема со Innovation и Ultimate. Не е достапно со Selection, Enjoy и Design Line.

 
ТРКАЛА
Изберете од широката понуда на впечатливите 16-19-инчни тркала од лесна легура. Сакате вашиот Grandland X да сјае уште повеќе? Изберете ги атлетските 19-инчни двобојни тркала од лесна легура, обработени со дијамантско сечење. 
ОПЦИИ ЗА ПОКРИВОТ

Пофалете им се на пријателите со вашиот стилизиран двобоен покрив1. Додајте повеќе шарм со извонредниот панорамски сончев покрив2. Сончевите денови никогаш повеќе нема да бидат исти - тие ќе бидат подобри!

 

1Стандардно со Ultimate и опционално со Innovation. Не е достапно со Selection и Enjoy.

2Опционално за Enjoy, Innovation и Ultimate. Не е достапно со Selection.

 
АМБИЕНТАЛНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Музика за вашите очи. Осветлете ги централната конзола и предните врати на вашиот Grandland X.1

 

1Cтандардна опрема со Innovation и Ultimate. Не е достапно со Selection, Enjoy и Design Line.

 

ИНОВАЦИИ.

НАПРЕДНО ПРЕДНО ОСВЕТЛУВАЊЕ LED
Паметното напредно предно осветлување LED1 овозможува 30% подобра видливост од халогенските светла. Овој подобрен ноќен видик значително ќе ви ја подобри безбедноста.  

Системот за помош со долги светла базиран на камера автоматски ги исклучува долгите светла кога има автомобили од спротивната насока. Ова ќе би овозможи најдобар видик на поголемо растојание без да ги заслепувате другите возачи.

Какви и да се условите, системот автоматски ќе ги прилагоди предните светла за да ви овозможи максимална видливост:

 

  • Светло за во природа
  • Светло за на автопат
  • Светло за во град
  • Аголно светло
  • Светло за неповолни временски услови
  • Динамично светло за свиоци

 

1Опционално за Enjoy, Design Line и Innovation. Стандардна опрема со Ultimate. Не е достапно со Selection.

АВТОНОМЕН СИСТЕМ ЗА СЛЕДЕЊЕ
Пристигна автономната1 генерација на системи за помош на возачот. Го скенираат патот и го штитат Grandland X со безбедната зона за максимална релаксација и минимален ризик.  

Автономниот систем за следење1 автоматски ја одржува брзината меѓу 30 и 180 km/час. По потреба ја намалува брзината или целосно го сопира вашето возило.

 

1Oпционално. Системите за помош на возачот на Opel се наменети за поддршка на возачот во рамките на внатрешните ограничувања на системот. Возачот е сѐ уште одговорен за возењето.

ИТНО СОПИРАЊЕ
Системот1 акустично го предупредува возачот за опасните ситуации. Ако друг автомобил или пешак се приближи премногу, ја намалува брзината или целосно го сопира возилото. 
1Автоматското сопирање во итен случај со детекција на пешаци работи автоматски над 5 km/час и под 140 km/ч. Од 5 до 30 km/час, метриката на успорувањето при намалувањето на брзината на судирот е 0,9 g. Од 30 до 140 km/час системот ја намалува брзината за најмногу 50 km/час. Над овој праг, возачот треба да сопира  за да ја намали брзината уште повеќе. Оперативниот опсег на автоматското итно сопирање со детекција на пешаци зависи од детектираната пречка (подвижна пречка: од 5 до 140 km/час, фиксна пречка: од 5 до 80 km/час, пешаци: од 5 до 60 km/час). Системите за помош на возачот на Opel се наменети за поддршка на возачот во рамките на ограничувањата кои се суштински за системот. Возачот останува одговорен за задачата за возење.
БЕЗБЕДНОСТ
Grandland X ве чува безбедни во секоја ситуација: опремен со врвна технологија, го олеснува возењето и го прави побезбедно повеќе од кога било порано. 
  • Активен систем за возење во лента1: Ви помага да избегнете судири преку спречување на возилото од ненамерно застранување од лентата преку нежно враќање на возилото назад во лентата.
  • Предупредување при застранување од лента: Спречува сообраќајни незгоди преку предупредување на возачот со звучен и визуелен сигнал.
  • Предупредување за странична слепа точка2: Ултрасоничните сензори ги следат околните настани. Оптички сигнал ќе го предупреди возачот доколку има подвижни возила во мртвиот агол.
  • Предупредување при сонливост на возачот1: Го анализира времето на возење и траекторијата на возилото и поставува аларми за предупредување.

 

1Oпционално со Enjoy, Design Line и Innovation. Стандардно со Ultimate.

2Стандардна опрема со Enjoy, Design Line, Innovation и Ultimate. Не е достапно со Selection.

КАМЕРА 360°

Целосна доверба, дури и во затворени простори. Напредните камери од 360°1 детектираат предмети на вашиот пат. Гледате што се случува на екранот, со што вашето паркирање и враќање наназад ќе биде песна.

 

1Oпционално со Enjoy и Innovation со пакетот Park & Go 3. Стандардно со Ultimate. Не е достапно со Selection. Пакетот Park & Go 3 вклучува: Navi 5.0 IntelliLink, 8-инчен екран на допир во боја со напреден интерфејс, радио AM/FM, 2 USB, интерфејс за iPod, хендзфри и стриминг преку Bluetooth®, гласовно препознавање, проекција на паметен телефон, навигација, контроли на управувачот, антена-ајкула, напредна помош при паркирање, Visio Park 2 – камера за преглед на околината од 360°, електрика и греење на надворешни ретровизори (во боја на каросеријата, електрично преклопување), предупредување за страничните слепи точки со функција за навалување на ретровизорите при возење наназад.

 
НАПРЕДНА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ

Никогаш повеќе не плашете се од тесни места. Активирајте го системот1 преку притискање на копче. Grandland X ја презема контролата на управувачот, а вие управувате со забрзувањето и сопирањето.

 

1Oпционално со Enjoy и Innovation. Стандардно со Ultimate. Не е достапно со Selection. Системите за помош на возачот на Opel се наменети за поддршка на возачот во рамките на внатрешните ограничувања на системот. Возачот е сѐ уште одговорен за возењето. 

 

ПРЕМИУМ ЛУКСУЗ.

ЕРГОНОМСКИ АКТИВНИ СЕДИШТА
Ергономски активните предни седишта, сертифицирани од „Кампања за поздрав 'рбет“ (AGR)1, нудат супериорно седење при долгите патувања.  
  • Позиција за релаксирано седење
  • Прилагодливи во 16 насоки2
  • Луксузни седишта од кожа2
  • Греење и вентилација на седишта2

 

1Стандардно со Innovation (само седиштето на возачот) и Ultimate. Опционално со Selection, Enjoy и Design Line. Сертификатот е потврда за квалитет, кој го доделува независна комисија составена од експерти од различни медицински дисциплини.

2Oпционално со одредени нивоа на опременост. 

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ГРЕЕЊЕ
Мразот ќе се стопи со овие карактеристики на греење.  
  • Греење на предни и задни седишта1. Почастете се себе си и вашите патници со функцијата за греење на седиштата
  • Греење на управувачот1. Само притиснете го копчето и управувачот ќе ви ги стопли рацете
  • Греење не ветробранско стакло ThermaTec™2. Снегот и мразот брзо ќе се стопат
  • Греење на надворешни ретровизори3. Нема веќе гребење на мразот. Имајте чист преглед во секое време 

 

1Опционално со зимскиот пакет 1 или зимскиот пакет 2. Зимскиот пакет 1 е опционален со Selection, Enjoy, Design Line и Innovation. Не е достапен со Ultimate. Зимскиот пакет 1 содржи: управувач завиткан во кожа и декорации, прилагодлив ограничувач на брзината, темпомат, далечинско управување на системот за инфозабава, греење на предните седишта. Зимскиот пакет 2 е опционален со Enjoy и стандарден со Innovation и Ultimate. Не е достапен со Selection. Зимскиот пакет 2 содржи: управувач завиткан во кожа и декорации, прилагодлив ограничувач на брзината, темпомат, далечинско управување на системот за инфозабава, греење на предните седишта и задните седишта (само перничето).

2Опционално со Selection, Enjoy, Design Line и Innovation. Стандардно со Ultimate.

3Не е достапно со Selection. Опционално со Enjoy i Design Line. Стандардно со Innovation и Ultimate. Претставува дел од пакетот Park & Go 1 вклучувајќи и помош при паркирање - напред/назад, електрика и греење на надворешни ретровизори (во боја на каросеријата, електрично преклопување).

ВРАТА НА БАГАЖНИК СО ОТВОРАЊЕ БЕЗ РАЦЕ

Системот за вратата на багажникот со управување со нога1 брзо ја отвора вратата на багажникот со замавнување со стапалотот под задниот браник или притискање на копче.

 

1Стандардно со Innovation и Ultimate. Не е достапно со Selection и Enjoy.

 
ТОВАРЕН ПРОСТОР

Седиштата FlexFold™ нудат поделба во сооднос 60/40, како и можност за поставување скии1 за уште поголема разновидност. Плус, само со притискање на копче, багажниот простор од 514 литри може да се зголеми на 1652 литри.

 

1Опционално со пакетот Versatility со Selection и Enjoy. Стандардно со Innovation, Design Line и Ultimate.

 

КОНЕКТИВНОСТ.

НАВИГАЦИЈА
Проширете си ги границите - без да се загубите. Европскиот континент ви е на дланка со интегрираните 3D мапи на Navi 5.0 IntelliLink1
  • Динамична 3D навигација со сообраќајната услуга TMC
  • База на податоци со интегрирани европски мапи
  • Карактеристики со точки на интерес и попатни карактеристики
  • Гласовно и структурирано внесување на дестинација

 

1Oпционално со Enjoy, Design Line и Innovation. 

БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ
Нема повеќе кабли со системот за индуктивно безжично полнење на Opel Grandland X1
  • Држачот за безжично полнење е тука да ви помогне со хронично празната батерија на вашиот телефон.
  • Достапен за користење на одредени паметни телефони.

 

Забелешка: За полнење на некои паметни телефони, може да е потребна интегрирана намотка.

 

1Oпционално со Enjoy, Design Line, Innovation и Ultimate. Не е достапно со Selection. Само за уреди со овозможен PMA или Qi. За проверка на компатибилноста на вашиот уред, контактирајте со вашиот продавач на Opel. 

ЗВУК
Секое патување е пропратено со возбудлива песна: планирајте ги вашите со врвниот звучен систем Denon®1 со 8 HiFi звучници и моќен сабвуфер – со отворени или затворени прозорци. 
ИНФОЗАБАВА
Беспрекорно поврзување на вашиот паметен телефон преку Apple CarPlayTM1,3 или Android AutoTM2,3 со инфозабавниот систем Navi 5.0 IntelliLink.  

Пристапете му на вашиот телефон, музика и пораки преку 8-инчниот екран на допир во боја:

  • Пуштање музика 
  • Функција за примање е-пошта и гласно читање
  • Пристап до фотографии преку USB
  • Аудио стриминг и хендзфри телефонирање преку Bluetooth®4

 

Лесен пристап до функциите преку систем за гласовно управување, како Apple Siri™1,3.

1Apple CarPlay™ и Apple Siri™ се регистрирани трговски марки на Apple Inc., регистрирани во САД и други земји.  Apple CarPlay™ може да не е достапен во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.apple.com .

2Android Auto™ се регистрирана трговска марка Google Inc. Android Auto™ може да не е достапен во сите земји и може да зависи од верзијата на вашиот оперативен систем. Ве молиме посетете ја www.android.com .

3Компатибилноста и функциите може да зависат од вашиот уред и верзијата на ОС. За да ја проверите компатибилноста на вашиот уред, посетете ја www.apple.com или www.android.com или контактирајте со вашиот продавач на Opel.

4Bluetooth® е регистрирана трговска марка на Bluetooth SIG inc. 

OPELCONNECT

Останете безбедни и поврзани додека сте на пат со паметниот опсег на услуги:

  • Бидете безгрижни: Почувствувајте се безбедни со услугата за итен повик, повик за дефект и редовна состојба на возилото и информации.
 
  • Погодности: Користете го вашиот мобилен за нашите далечински функции (на пр. заклучување / отклучување на вратите). Со нашите услуги специјално наменети за електричните возила: далечинска проверка на нивото на батеријата и подесување на клима уредот, управување со полнењето и e-мобилност - ве одржуваме во движење!
  • Паметно возење: уживајте во релаксирано возење благодарение на навигацијата во живо и системот за управување со патување.

 

OpelConnect услуги, од есен 2019. Можно е услугите да се со надомест и да зависат од покриеноста на мобилната мрежа и достапноста, воопшто.

ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕТО.

МОТОРИ

Мотор што може да одговори на вашите потреби – сега можете да го добиете во вашиот Grandland X. Слободно запловете во вашата следна авантура со динамично, глатко и ефикасно возење.

 

Сите возила се направени од лесни материјали за да се обезбеди оптимален погон.

 

Opel Grandland X: комбинирана потрошувачка на гориво: xx-xx l/100 km; комбинирано издувување CO₂: xxx-xxx g/km. */**/***/****

 
ПРЕНОС

Ако го изберете екстра-глаткиот автоматски пренос1, ќе имате придобивки од следново:

  • Технологијата на брзо менување1 нуди едно од најбрзите менувања на брзини на пазарот.
  • Оптимизирани внатрешни триења1 за подобрена ефикасност.
  • Подобрениот пренос1 го прави возењето поглатко и ги намалува вибрациите при мирување.

 

Сите мотори се исто така достапни со 6-брзински рачен пренос. Дефинитивно ќе го пронајдете возењето што ви одговара на вашиот личен стил на возење.

 

1Optional

 
INTELLIGRIP

Контролата на триењето1 ви овозможува триење на оптимално ниво – без разлика на површината. Песок, кал или снег? Изберете еден од петте режими на тркалата и оставете го Grandland X да го заврши останатото:

 

  • Стандардна ESC (електронска контрола на стабилноста)
  • Снег
  • Секакви терени
  • Песок
  • ИСКЛУЧЕНО ESC

 

1IntelliGrip е дел од пакетот All Road и не може да се купи посебно. Не е достапно со Selection

 

СПЕЦИЈАЛНИ МОДЕЛИ.

ULTIMATE
Качете се во прва класа: искусете го Grandland X со луксузните одлики како стандардна опрема. 

ДОДАТНА ОПРЕМА OPEL+.

Во пресрет на вашите индивидуални потреби.

Со оригиналната дополнителна опрема на Opel, изразете се себе си и искористете го потенцијалот на вашето возило.

 

Дизајнирана и тестирана за вашиот Opel.

Странични скалила
ПРИКАЖИ ДЕТАЛИ
Заштитна фолија
ПРИКАЖИ ДЕТАЛИ
Цврста обликувана подлога за багажник
ПРИКАЖИ ДЕТАЛИ
Решетка за куче
ПРИКАЖИ ДЕТАЛИ
Кровна кутија Opel
ПРИКАЖИ ДЕТАЛИ
Детско седиште
ПРИКАЖИ ДЕТАЛИ

КАКВО СЛЕДВА?