Skip To Content
Astra Sports Tourer

Новата Astra Sports Tourer

Уште повеќе функции

Opel Astra го одразува врвниот и смел инженеринг, обликуванa како разноврсен Sports Tourer со иновативни решенија за товар.
Изберете од напредните опции за електричен plug-in хибриден погон или низа високоефикасни бензински и дизел мотори.

Configure yours from February 2022.

Надворешен дизајн

Смел и елегантен дизајн

Современ германски дизајн кој совршено ја балансира динамиката со разновидноста што му е потребна на модерниот начин на живот. Од новиот исконски Opel визор® сè до елегантните LED задни светла. Скулптурните површини со прецизни линии и даваат на новата Astra Sports Tourer сигурен став кој се издвојува од останатите.
Возачко искуство

Целосно уживање во возењето

Искусете ја напредната електрична plug-in хибридна технологија каде што бензинскиот и електричниот мотор функционираат беспрекорно за да обезбедат оптимален баланс помеѓу перформансите и ефикасноста. Динамичниот опсег на турбо погонските агрегати со ниско триење во бензин и дизел верзиите со висока ефикасност, заедно со исклучително глатки, софистицирани менувачи создаваат изненадувачки брз одговорен карактер при возење.
Внатрешен дизајн

Детокс искуство

Кокпитот кај новата Astra Sports Tourer претрпе целосна дигитална детоксикација. Екранот Pure Panel радикално го поедноставува искуството во возењето, ослободувајќи го од визуелниот неред што го одвлекува вниманието. Извонредно удобните ергономски активни предни седишта со сертификат AGR1 се обработени со луксузна кожа Alcantara или Nappa и имаат функции за вентилација и масажа.

 

1 Сертификатот е печат за квалитет доделен од независна комисија за тестирање составен од експерти од различни медицински дисциплини. Опција на избрани нивоа на опременост.

Интелигентни решенија за товарање

Intelli-Space

Opel Astra Sports Tourer овозможува попаметно товарање благодарение на иновативниот систем Intelli-Space. Максималниот капацитет од 1,634 литри е подобрен со карактеристики како што се прстени за стегање на товарот, странични мрежи за прицврстување, рамен товарен под со две нивоа, 40/20/40 индивидуални задни седишта со функција за лесно преклопување, ролетна на товарниот простор , паметни садови за складирање под подот и hands-free електрична задна врата. Со опционалниот приклучок за приколка, можете уште повеќе да ги подигнете можностите за товарање.
Инженерство и иновации

Напредни системи за помош при возење

Искористете ги најнапредните и најинтуитивни технологии за помош на Opel, како што се полуавтономните карактеристики на Intelli-Drive 2.0, LED Intellilux® Pixel светлата и 360° Intelli-Vision помошта при паркирање.

PURE. BOLD. BETTER THAN EVER.

Take the lead, step up, and drive your own way.

Configure yours from February 2022.